Свет
Сведочење за НЛО во американскиот Конгрес: „Пронајдени се траги што не се човечки, Владата знае се’“
Ветеранот на воздухопловните сили и разузнавањето Дејвид Груш денеска сведочеше пред Конгресот по тврдењата дека Америка можеби пронашла технологија во вселенскиот систем што не им припаѓа на земјаните.
Тој зборуваше за тајни програми за кои тврди дека покажуваат дека Пентагон пронашол „непроменети или делумно недопрени летала“ кои не се произведени од човек.
За време на неговото сведочење, тој исто така кажа дека САД нашле траги што не припаѓаат на луѓе од соборените летала. На прашањето дали се работи за човечки или нечовечки биолошки траги, Груш даде шокантен одговор.
„Нечовечки, а тоа беше оценката на луѓе со директно познавање на програмата, со кои разговарав“, рече тој.
Груш кажа дека знае повеќе колеги кои биле физички повредени од активности на неидентификувани аномални појави. Прашан да каже повеќе за тоа, тој изјави дека „не може да навлегува во детали“.
Инаку, во интервју објавено минатиот месец, Груш рече дека „САД пронашле вонземски пилоти“.
Пред Конгресот сведочеа и Дејвид Фравор, поранешен командант на морнарицата и Рајан Грејвс, поранешен пилот на морнарицата, пренессе „Би-би-си“.
Грејвс беше првиот што застана пред Конгресот.
„Неидентификуваните воздушни појави не се невообичаени во нашиот воздушен простор, но не се пријавуваат. Владата е свесна за тоа. Наидов на еден таков феномен во 2014 година, кога мојот тим откри необични предмети над океанот“, изјави пилотот.
„Треба да има системи каде пилотите ќе можат да пријават такви случаи без страв дека ќе ја загубат работата“, додаде тој.
Третиот сведок, Дејвид Фревор, ги опиша неговите средби со НЛО.
„Тоа се случи во моментот кога тимот ја откри т.н „бела вода“ на нивните радари и покрај ведрото небо и мирните води и без бранови. Феноменот личеше на мали бели предмети и беше над водата.
Не успеале да го лоцираат бидејќи брзо излетал пред нив и исчезнал.
„Целиот состанок е снимен на видео кое трае 90 секунди, но никогаш не е истражено“, додаде тој.
Во април, д-р Шон Киркпатрик од Министерството за одбрана изјави пред Комитетот за вооружени служби на Сенатот дека „засега нема веродостојни докази за вонземска активност или вонземска технологија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

