Регион
Таткото на девојче убиено во „Рибникар“: Многу работи не се во ред
Таткото на едно од убиените девојчиња во Основното училиште „Владислав Рибникар“, познатиот одбојкарски тренер Драган Кобиљски, на социјалните мрежи објави писмо за трагедијата во кое повика на одговорност.
Писмото е пренесено во целост:
„Како да размислуваме и како да живееме? Зошто не’ нарекуваат родители на деца ‘жртви’? Нашите деца не загинаа поради несреќен сплет на околности, нашите деца беа убиени (застрелани, ликвидирани) со многу јасна намера, план и желба за фатален исход… Tука ништо не е во ред. Не се случило случајно…случајно само некои се спасиле…
А како живеат, дишат, па дури и постојат родителите на убиените деца? Какво било детството и младоста на браќата и сестрите, каква возраст имале бабите и дедовците? Каков е животот на ранетите, а какви се траумите на преживеаните?
Колку светови се всушност уништени?
Дали ова може да се поправи? – не може! Дали децата можат да се вратат? – не може!
И дали е важно да се утврдат одговорностите во ова кривично дело? – Важно е! Важно е вакво нешто никогаш да не се повтори.
Никој од нас не е судија на овој свет, а најмалку на ‘оној’ свет и никој не се труди да биде, но за да не остане злото само зло, треба барем да се извлече поука од оваа трагедија.
Утврдувањето на одговорност и законска казна не претставува наша осуда. Тоа го претставува ставот на општеството дека постапките што доведоа до зло се неприфатливи и дека неговата цел е да го регулира.
Ниту покајанието ниту простувањето не резултираат со ослободување од одговорноста, ниту, пак, треба да се мешаат тие работи.
Бог ќе прифати искрено покајание, нашето простување ќе значи продолжување на животот без гнев, а поднесувањето на одговорноста и изрекувањето казнени мерки се насочени кон создавање и негување општествено прифатливи норми на однесување.
Се уште не сме ставени во искучение, ниту некој побарал прошка од нас, ниту сме се прегрнале и плачеле со некого поради сликите или телата на нашите убиени деца – велат дека им е непријатно да гледаат… и тие упорно се обидуваат да објаснат како се било во ред:
– дете со целосен недостаток на емпатија изложено од неговите родители на содржина несоодветна за неговиот емоционален развој и тренирано на стрелиште – не треба да биде во ред,
– оружје достапно за детето во куќата – не е добро,
– игнорирањето од страна на родителите во врска со советите за неопходната психолошка поддршка и детален преглед на детето поради „криза на свеста“ – не треба да биде во ред, бидејќи тоа резултираше со прикривање на случајот со детето кое всушност требаше да се лекува.
– промена на смена и одделение без ниту една писмена трага во форма на Барање и Одобрување, каде што ќе се наведат јасни причини за преземање на такви мерки и дополнително процедурално следено… – не треба да е во ред, бидејќи тоа го докажува отсуството на систематски и организиран пристап.
– ширењето невистини за врсничко насилство и виктимизација на криминалецот – не треба да биде во ред, бидејќи тоа води до создавање на идоли кои се погубни за ова општество.
– видеата и сквернавењето на идентитетот на жртвите, нивните семејства и потенцијалните жртви – не треба да бидат во ред со сите морални, етички и безбедносни стандарди,
Толку не е во ред… Неправдата боли, извртувањето на фактите боли, грозоморната реалност боли, обидите да се избегне одговорноста болат, а ние?
Треба да продолжиме да даваме коментари за криминалот, за правниот процес, за нас и нашите убиени деца, да доставуваме јавно достапни видеа каде нашите деца се сместени во камион во црни вреќи, постојано пред очи да ја имаме фотодокументацијата на нашите застрелани деца, упорно убедувајќи се дека имаат мирен израз на нивните лица, дека утешно и со благодарност се враќаме на последните бакнежи и допири во Градската капела каде дури имавме можност да ги видиме како спијат за последен пат… да ги голтнеме солзите, да го потиснеме плачот, затоа што рацете ни беа полупразни… и да ја поднесеме нашата болка…
И знаеме дека никој освен криминалецот не сака лошо, но клучната улога во оваа невидена трагедија имаше лошото (не)дејствување.
Преземањето одговорност за избраните постапки е минимумот што го заслужува ова општеството кое сака подобро“, се вели во писмото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

