Македонија
Србин затекнат на „Богородица“ со фалсификувана лична карта и возачка дозвола

Вчера во близина на Граничен премин Богородица од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица бил лишен од слобода М.К.(30) од Р.Србија.
При извршена контрола на патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со српски национални ознаки кое го управувал констатирано било дека српската лична карта, швајцарската возачка дозвола и швајцарската дозвола за престој кои биле на име Л.Н.(31) , а кои ги дал на увид, биле фалсификувани.
Исто така, утврдено е дека постојат основи на сомнение дека тој бил соучесник и во сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ на 12.10.2022 и по насоки на ОЈО -ГОКК Скопје поднесена е кривична пријава, а од страна на Судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија одредена му е мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Пандил Шишков, Вангел Тодоровски и Руди Чаевец, општина Аеродром.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта на улицата Шекспирова бб (во близина на Тинекс маркет), општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Потоа следи стабилизирање на времето.