Македонија
Романец спасен во Гевгелија по повик од Грција
Доцна синоќа, во соработка со грчкиот Единствен број за итни случаи 112, бил спасен романски државјанин кој имал опасни проблеми со срцето, со давање итна медицинска помош, а престојувал сношти во Гевгелија, информираа од Центарот за управување со кризи.
Конкретно, неговиот повик за помош, најверојатно заради близина на границата, прво бил примен од број 112 на базна станица во Република Грција. Но, бидејќи сите држави коишто го имаат Европскиот единствен број за итни случаи 112 соработуваат и се во контакт меѓу себе, колегите од грчката служба 112 веднаш оствариле контакт со македонската служба 112 во ЦУК. Веднаш, согласно оперативните процедури, е координирана акцијата за интервенција на Итната медицинска помош од Гевгелија и романскиот граѓанин е спасен со итно давање медицинска помош.
Овој случај на меѓугранична, односно меѓудржавна соработка на две држави (Р. С. Македонија и Р. Грција), за спасување на граѓанин од трета држава (Р. Романија) ја отсликува можноста за спасување животи на граѓани од која било европска земја ако тие се наоѓаат во земја којашто е во системот на Европскиот единствен број за итни случаи 112.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

