Забава
Урбан алпинист загина среде акробација на облакодер во Хонг Конг

Французинот Реми Лусиди, познат по екстремните акробации што ги споделува на „Инстаграм“, почина кога падна од 68. кат на станбена зграда во луксузниот кварт Мид-Ливелс во Хонг Конг.
Овој урбан алпинист, таканаречен руфер (од англ. roof – покрив), редовно освојувал висококатници во светот и споделувал фотографии од своите подвизи.
Извор запознаен со случајот претходно рече дека Лусиди, кој го користел името Реми Енигма на социјалните мрежи, последен пат бил виден жив како тропа на прозорецот од пентхаус на 68. кат на кулата „Трегунтер“ околу 19.30 часот во четвртокот.
Преплашена куќна помошничка во станот повикала полиција напомош кога го видела на прозорецот.
Лусиди паднал од зградата пред да пристигнат полицајците. Тој бил прогласен за мртов на местото на настанот.
Полицијата ја пронашла неговата спортска камера, во која имало снимки како се качува на високи згради.
Инстаграм-профилот на младиот Французин е преплавен со изрази на сочувство. Реми имал и јутјуб-канал, кој веќе не постои, а на „Инстаграм“ го следеле околу четири илјади луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мик Џегер (81) се сврши со неговата 44 години помлада девојка

Поранешната балерина Мелани Хемрик (37) конечно ја потврди свршувачката со рокерот Мик Џегер (81), фронтмен на групата „Ролинг Стоунс“. Зошто конечно?
View this post on Instagram
Затоа што Мик Џегер и Мелани Хемрик се свршија пред две-три години, а веста за свршувачката беше случајно откриена во неодамнешното интервју за „Paris Match“, пишува „TMZ“.
И покрај ова, Мелани тогаш рече дека не брзаат да се подготват за венчавката.
„Можеби ќе се венчаме еден ден, можеби не. Толку сме среќни со животот што го имаме во моментов што не сакаме ништо да промениме“, рече таа во интервју за „Paris Match“.
Тие се запознале во 2014 година на концерт на групата „Ролинг Стоунс“ во Токио, каде Мелани била танчерка.
Забава
Почина 27-годишна австралиска манекенка со хрватско потекло: од неа се прости и Донатела Версаче

Австралискиот модел со хрватско потекло Луси Марковиќ почина синоќа на 27-годишна возраст, објавија австралиските медиуми. Веста за нејзината смрт беше објавена на нејзиниот инстаграм-профил.
Луси Марковиќ беше добро познато лице на австралиската и на меѓународната модна сцена, соработуваше со престижната агенција Elite NYC, беше модел за Версаче и работеше на кампањите на Викторија Бекам. Учествувала и во популарното телевизиско шоу Australia’s Next Top Model.
Со години таа храбро се бореше со сериозна болест – артериовенска малформација (АВМ), заплеткување на крвните садови во мозокот, што може сериозно да ја загрози функцијата на мозокот.
„Почитувани пријатели и семејство, со жалење мораме да ве информираме дека Луси почина. Таа почина мирно. Јас, мајка ѝ и мајка ми бевме со неа. Во овие моменти ве молиме да ни дадете простор, Луси нека почива во мир“, порачаа членовите на нејзиното семејство.
Од неа се простија и модната агенција на Луси и познатата дизајнерка Донатела Версаче. „Таа беше како светкава светлина, со одлична смисла за хумор. Сакаше да се смее и да танцува и многу ќе ни недостига“, се вели во соопштението на Elite NYC. „Многу ми е жал за Луси Марковиќ. Почивај во мир, прекрасна девојко“, напиша Донатела Версаче.
Марковиќ минатиот месец на социјалните мрежи ја сподели веста дека оди на операција на почетокот на април. Тоа беше едно од нејзините последни јавни настапи.
Забава
Не заминуваат и не вртат грб: ги сакате овие три верни хороскопски знаци во вашиот живот

Сè се менува во животот. Луѓето доаѓаат и си одат, околностите се менуваат, а ветувањата честопати се забораваат побрзо отколку што се даваат. Но, постојат оние ретки, посебни луѓе кои остануваат. Луѓе кои стојат покрај тебе дури и кога не си во право, кои те бранат кога никој друг не го прави тоа и кои никогаш, ама баш никогаш не те изневеруваат.
Ако веруваме во астрологијата, некои хороскопски знаци едноставно се родени за да бидат верни до крај. Кои се овие чувари на врската, емоционални штитови и пријатели кои би сакале да ги имате покрај себе во секоја животна бура?
Бик
Бикот не влегува лесно во врските, но штом ќе пуштат некого во нивниот свет, тоа е засекогаш. Неговата посветеност не е гласна или драматична – таа е тивка, стабилна и непоколеблива. Можеби нема да зборува за тоа колку му значите секој ден, но тоа ќе го покаже со своите постапки.
Ако некој Бик ве сака, тој ќе застане покрај вас дури и кога сите ќе заминат. Не сака промени, не сака изневерување и не заборава лесно – па ни луѓето што ги сака. Иако е тврдоглав, Бикот е верен токму поради тоа – кога ќе одлучи дека му е грижа, се држи до тоа. До крај.
Рак
Ракот е знак за кој врските се сè. Семејството, пријателите, партнерите – секој е под неговото заштитно крило. Тој не само што ќе ве сака, туку и ќе се грижи за вас како да сте најскапоценото суштество на светот. И таму нема место за предавство.
Раковите се интуитивни и длабоко емотивни, па нивната лојалност произлегува од чувството на припадност. Ако им го скршиш срцето, ќе страдаат, но и тогаш нема да зборуваат лошо за тебе. Нивната лојалност оди рака под рака со емпатијата, а ако ги имате покрај себе, знајте дека имате чувар кој не се откажува лесно.
Јарец
Ладен и воздржан на почетокот, Јарецот можеби не изгледа како некој што ќе ви биде рамо за плачење. Но, кога ќе се врзе, ќе се врзе одговорно, сериозно и долгорочно. За него не се работи за емоции кои брзо исчезнуваат, туку за принципи и силни верувања.
Јарецот не изневерува, затоа што не си дозволува. Тој го држи својот збор, својата лојалност и луѓето на кои може да се потпре – и за возврат, тој станува некој на кој секогаш можете да се потпрете. Во кризни ситуации не паничи, не заминува и не врти грб. Тој останува. И тоа функционира.