Македонија
СДСМ: На потег е Мицкоски да покаже дали има државнички капацитет
„Откако се исполнети сите услови на Мицкоски, сега тој е на потег, да одлучи дали е за ЕУ или за изолација
Сите министри во Влада од редовите на ДУИ, поднесоа оставки до премиерот Димитар Ковачевски, кои ќе стапат на сила веднаш откакако пратениците на ДПМНЕ ќе гласаат за усвојување на уставните измени.
Ставајќи го државниот пред партискиот интерес ДУИ покажа одговорност кон врвната стратешка цел, европската иднина на земјата и сите наши граѓани.
Со одлуките на Централниот одбор на СДСМ, како и со последната одлука на ДУИ, исполтени се сите услови кои ги поставуваше Мицкоски за ДПМНЕ да поддржи уставни измени, вклучително и Влада без ДУИ.
Сега, на потег е Мицкоски да покаже дали има државнички капацитет, дали му е важна европската иднина на земјата или се грижи само за својата фотелја во Белиот дворец.
Членството во ЕУ е врвна стратешка цел поставена уште пред 32 години, не е борба за власт туку борба за иднината на државата и од тоа СДСМ нема да отстапи.
Гласот за уставните измени е глас за Европа, за полноправно членство во ЕУ.
Со глас за Европа во македонското Собрание Мицкоски и ДПМНЕ имаат шанса, наместо да ја блокираат, да ја поддржат македонската иднина во Европа“.
Соопштение на СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Син ми многу сакаше кафе, напијте се”: мајка на загинато дете ги послужи новинарските екипи на паузата од судењето
На првата пуаза од судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откога многумина бранители побараа одлагање на судењето и нова листа на докази бидејќи обвинителството ги спои постапките за дискотеката „Пулс“ и за агенцијата „Рубикон“, мајка на едно од загинатите деца пред објектот на судницата ги послужи кафе новинарските екипи и семејствата на загинатите.
„Никаде не одиме без кафе, син ми многу пиеше кафе. Ајде напијте се“, рече таа.

Во тект е пауза на судењето. Судијката одобри 15 минути пауза затоа што голем број од обвинтетите побараа пауза за тоалет.
Македонија
Муцунски во работна посета на Брисел: во фокусот унапредување на соработката меѓу ЕУ и регионот, со акцент на безбедноста, одбраната, справувањето со хибридните закани
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска во Брисел ќе присуствува на неформалната вечера на Советот за надворешни работи на Европската унија, по покана на високата претставничка на ЕУ, Каја Калас. Настанот ги обединува министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и на земјите од Западен Балкан.
На состанокот е предвидено да се разговара за унапредување на соработката меѓу Европската унија и регионот, со акцент на безбедноста, одбраната, справувањето со хибридните закани и зајакнувањето на демократската отпорност.
Во рамки на посетата на Брисел, министерот Муцунски ќе има и одвоени средби со европската комесарка за проширување, Марта Кос, како и со Глен Микалиф, европски комесар за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт
Македонија
Муртезани: Климатската и еколошката правда се стратешки приоритет за Македонија во процесот на пристапување кон ЕУ
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, учествуваше на Националната тркалезна маса за конвергенција на климатска и еколошка правда што денес се одржа во Клубот на пратеници во Скопје.
Во своето обраќање Муртезани нагласи дека климатската и еколошката правда се стратешки приоритет за Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија.
Особено го истакна влијанието на климатските ризици врз ранливите групи, значењето на Националниот енергетски и климатски план, потребата од регионална соработка, улогата на Архуската конвенција во зголемување на транспарентноста и важноста на Акцискиот план за еколошка правда. Муртезани порача дека земјата сака да биде активен придонесувач кон регионалната и европската зелена трансформација.
„Ова не е само еколошко прашање. Ова е прашање на еднаквост, пристап до здравје, економска стабилност и доверба во институциите. Токму затоа климатското дејствување е дел од европската перспектива и дел од развојната визија на Северна Македонија.
Во изминатиот период вложивме сериозни напори да ја вградиме климатската политика во стратешките документи. Новиот Национален енергетски и климатски план го приближува нашето енергетско планирање кон европскиот модел, каде што намалувањето на емисиите, интеграцијата на обновливите извори и енергетската ефикасност се третираат како меѓусебно поврзани цели. Анализата за климатска адаптација во земјоделството е уште еден важен чекор, бидејќи го зајакнува капацитетот на сектор кој е директно изложен на климатските ризици. Паралелно со тоа, институциите веќе работат на систематизирање зелени работни места и нови квалификации што ќе ја поддржат транзицијата, со што ја отвораат вратата за нови професионални можности, особено за младите“.
Клучно е да разберем, вели тој, дека климатските и еколошките прашања не се изолирани на национално ниво.
„Нашите реки, нашата природа, како и нашиот воздух, ги делиме со регионот. Затоа Зелената агенда за Западен Балкан, инструментите како IPA III и рамките на Енергетската заедница се можност за вистинска регионална конвергенција. Нашата цел не е само да ги исполниме европските барања, туку и да учествуваме во создавање регионален стандард што ќе придонесе за стабилност, економска конкурентност и подобро здравје за граѓаните“.

