Македонија
Мицкоски со честитка за Илинден: Борбата за Македонија никогаш нема да престане

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод големиот државен празник 2 Август -Илинден.
„Илинден е најсветлиот македонски ден. Илинден е симболот на македонската борба за слобода. Илинден е македонскиот темелник на државноста. Македонија и Илинден се две испреплетени нишки кои го означуваат идентитетот на секој Македонец.
Пред 120 години воден од идеалот за слобода, народот во Македонија ја започна епопејата, го посеа семето на непокорот и тоа беше крунисано со првото заседание на АСНОМ и создавањето на македонската држава. И двата Илиндена и тој во 1903 и тој во 1944 година беа меѓниците во македонската историја кои оставија неизбришлив траг во колективната меморија на Македонија.
Илинден беше и ѕвездата водилка и на сите оние кои ја сонуваа и ја изборија македонската независност на 8-ми Септември, но ќе останат и ѕвезда водилка и на сите идни генерации кои ќе се борат за Македонија.
Борбата за Македонија никогаш нема да престане. Таа е вечна исто како што е вечна идејата да изградиме татковина која е своја на своето, која е еднаква со сите под ова сонце и која ќе биде напредна и просперитетна. Тоа битисувало и во двата Илиндена, тоа битисува и денес.
Горди сме на нашето минато и нема да дозволиме тоа некој да ни го погази или присвои. Горди сме на нашите предци и на нивната саможртва да ја изградат Македонија. Тие се нашиот пример дека со сплотеност и одлучност можат да се постигнат сите цели.
И денес како и пред еден век се справуваме со внатрешни и надворешни предизвици, но минатото не учи дека со обединетост, достоинство и верба во правдата ќе изградиме подобра иднина.
Нека е вечен празникот Илинден. Нека е вечна Македонија“, се вели во честитката на Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Словенечки пожарникари пристигнаа за помош во гасење на шумските пожари во Македонија

Повеќе од 60 пожарникари од Словенија со 18 возила утрово пристигнаа преку граничниот премин „Табановце“.
Тие се приклучија на македонските и чешките тимови во борбата против шумските пожари кои беснеат низ земјава.
Според последните информации на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, пет се ставени под контрола, а дваесет се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во планинските предели кај Нивичино, како и на потегот помеѓу неколку села во Прилепско и Кавадаречко. Во Прилепско, интервенцијата е отежната поради детонации во близина на пожарот, поради што на тој дел не се интервенира, соопшти утрово ЦУК.
Македонија
Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјава

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, пет се ставени под контрола, а дваесет се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во планинските предели кај Нивичино, како и на потегот помеѓу неколку села во Прилепско и Кавадаречко. Во Прилепско, интервенцијата е отежната поради детонации во близина на пожарот, поради што на тој дел не се интервенира, соопшти ЦУК.
Под контрола се пожари во општините Македонски Брод, Штип, Карбинци и Македонска Каменица, каде е зафатена претежно мешана или нискостеблеста шума, како и деградирани површини со ниска вегетација.
Пожарникарските екипи и понатаму се ангажирани на терен, а властите апелираат на внимателност и одговорно однесување, особено во подрачја каде постои зголемен ризик од нови пожари.
Македонија
Управител и фирма обвинети за неправилности во производството на медицински канабис

Полицијата поднесе кривична пријава против управителот Д.К.(30) од Скопје и фирмата.
Пријавениот, како одговорно лице, по добивање на решението лани за одгледување на канабис за медицински цели, постапил спротино на одредбите од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Од МВР велат дека тој не се придржувал кон елаборатот за производство на канабис за медицински цели, што било констатирано при извршена контрола од страна на полициски службеници од МВР во содејство со Комисијата за оценување на исполнетоста на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на медицински канабис.
Притоа биле одземени 1.260 грама марихуана, како и исушено искршено стебло и поголем број на исушени и скршени гранчиња од растението канабис.