Забава
(Видео) Клавирот на Фреди Меркјури – ѕвезда на аукцијата во Лондон
Мал концертен клавир на покојниот фронтмен на „Квин“, Фреди Меркјури, беше претставен како централен дел на претстојната аукција во „Сотби“ во Лондон.
Купен во 1975 година и увезен во Англија од Јапонија, клавирот „јамаха“ (Yamaha G2) се проценува дека ќе достигне цена помеѓу 2-3 милиони фунти кога ќе биде ставен на продажба во септември.
Тоа беше инструментот што го користеше за да ја компонира култната песна „Боемска рапсодија“ истата година.
Инструментот наводно патувал од стан до стан заедно со ѕвездата на „Квин“ до неговото последно почивалиште во Гарден Лоџ во западен Лондон. Во тој стан клавирот имаше почесно место, на сончева светлина, во дневната соба на музичарот.
Неговата блиска пријателка Мери Остин се грижи за ретките предмети, вклучително и рачно напишани стихови, уметнички слики и други вредни дела од неговиот дом во Гарден Лоџ откако тој почина во 1991 година.

Предметите првпат ќе бидат јавно изложени на изложба во „Сотби“, повеќето од нив ќе се продаваат на аукција во септември, а цените ќе се движат од 40 до неколку милиони фунти.

Меѓу предметите за продажба се и неговата круна и кралската мантија, кои ги носеше на последна турнеја со „Квин“ во 1986 година. Проценети се на 60.000-80.000 фунти. Рачно напишаните стихови на песната We Are The Champions се проценети на 200.000-300.000 фунти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кралицата на необичните изданија повторно шокира: Дали и ова е фустан?
Многу познати личности блеснаа на доделувањето на наградите „Готам“ во Њујорк, а покрај Џулија Робертс, која привлече внимание со својот сатенски костум, цел на модните критичари беше пејачката и претприемачка Ријана.
Ријана одлучи да облече преголем фустан за оваа пригода, поточно, подуена креација која го носи потписот на брендот „Баленсијага“. Станува збор за минималистичка тоалета во пудресто розова боја која уникатно го отсликува бунтовничкиот дух на Ријана.
За да го комплетира стајлингот, таа додаде скапа огрлица во розови и виолетови тонови, како и пердувеста шапка која дополнително го нагласуваше нејзиниот смел моден израз.
Впечатливи беа и црните кожни ракавици, кои на целиот аутфит му дадоа современа нота.
Секако, друштво на овој настан ѝ правеше нејзиниот сопруг АСАП Роки, кој носеше едноставно одело од Шанел во кафеава боја.
Забава
(Фото) Некои велат дека е чист сексапил, други дека е целосно модно промашување
Доделувањето на „Fashion“ наградите се одржа во Лондон, а на овој престижен настан присуствуваа многу познати личности. Покрај актерката Сиена Милер и пејачката Рита Ора, кои предизвикаа возбуда со своите изданија, вниманието на јавноста го привлече и поранешната ријалити ѕвезда Маура Хигинс.
Таа прошета по црвениот тепих во креација која предизвика поделба на мислењата кај обожавателите на настанот. И додека некои пишуваат дека фустанот е чист сексапил, други, според Дејли Меил, тврдат дека е целосно промашување.
Па, зошто нејзиниот аутфит е толку посебен?
Имено, убавицата носеше необична креација од дизајнерот Роберт Вун која ги истакнува нејзините стомачни мускули. Самиот аутфит може да се окарактеризира како уметничко дело, бидејќи не ги следи модните правила, ниту класичен крој.
Се состои од бел горен дел и интересен долен дел – здолниште кое комбинира два дезени.

epa12563372 Irish media personality Maura Higgins poses during the Fashion Awards 2025 at the Royal Albert Hall in London, Britain, 01 December 2025. The event gathers the global fashion community in London, being the primary fundraiser for the BFC Foundation, which supports the future growth of the British fashion industry through initiatives focused on education, grant-giving, and business mentoring. EPA/ANDY RAIN
Својот стајлинг го комплетираше со преголема шапка и проѕирни ракавици. Кога станува збор за шминка, на нејзиното лице беа забележливи земјени тонови, но и нежен беж кармин кој ја нагласуваше нејзината полна уста.
Забава
Актерката конечно пресече: „Не ги соблекувам потпетиците за низок маж“
Актерката Мишел Монаган неодамна проговори за еден специфичен проблем за време на нејзината актерска кариера, јавуваат странските медиуми.
Таа истакна дека честопати морала да ги соблекува високите потпетици за време на снимањето бидејќи била значително повисока од нејзините машки колеги.
Сепак, како што истакна за „The Hollywood Reporter“, таа практика завршила.
Монаган се потсети на снимањето на филмот „Somewhere“ од 2010 година, каде што глумеше со својот колега Стивен Дорф.
„Единствениот детаљ што го паметам од таа сцена е кутијата на која стои бидејќи е понизок од мене. Тоа е тој класичен холивудски момент: „Ова е проблем. Ќе мора да ги соблечеш потпетиците.“
Ѕвездата на серијата „White Lotus“ додаде дека ситуацијата се променила и дека ставила крај на таа воспоставена практика.
„Патем, повеќе не го правам тоа. Имаше период во мојата кариера кога тоа се очекуваше од актерките, но сега мислам дека тие едноставно знаат подобро, што е веројатно добра работа“, објасни таа, додавајќи:
„Нема да ги соблекувам чевлите за никого – освен ако проблемот не е звукот“, заклучи таа.

