Свет
Соборениот претседател на Нигер бара помош од Американците: „Ви пишувам како заложник“

Соборениот претседател на Нигер побара од САД и целата меѓународна заедница да помогнат, како што вели, во обновувањето на уставниот поредок по минатонеделниот пуч.
Во својот коментар објавен во „Вашингтон пост“ сменетиот претседател Мохамед Базум изјави дека пишува како заложник.
Тој исто така предупреди дека регионот може уште повеќе да дојде под руско влијание преку групата „Вагнер“, која работи во соседните земји. Западните земји стравуваат дека Нигер би можел да го следи примерот на своите соседи во свртувањето кон Русија како сојузник, како и дека тоа ќе ги зајакне исламистите, а соседните земји на Нигер од Западна Африка се заканија со воена интервенција.
Нигер е еден од главниот производител на ураниум во светот
Водачите на пучистите вчера објавија дека ги повлекуваат амбасадорите од Франција, САД, Нигерија и од Того. Само неколку часа претходно, амбасадорот на Нигер во САД, Кијари Лиман-Тингири, изјави за АФП дека хунтата „треба да се вразуми“ и да сфати дека „нивната кауза не може да успее“. Исто така, за време на соборениот претседател Базум таа земја беше еден од клучните сојузници на Западот со кого ја водеше борбата против исламистите во Сахел.
Нигер е еден од главните производител на ураниум во Африка, гориво од суштинско значење за нуклеарната енергија. Според податоците на Светската нуклеарна асоцијација (WNA), Нигер е седми најголем производител на ураниум во светот, а листата ја предводат Казахстан, Канада и Намбија.
Во напис за американскиот весник Базум истакнува дека „борбата за заеднички вредности, плурализам и почитување на владеењето на правото е единствениот пат кон одржлив напредок против сиромаштијата и тероризмот“. То, исто така тврди дека пучистите се поврзани со платеници од „Вагнер“, кои имаат злобно влијание во Нигер и дека целиот регион Сахел може да потпадне под руско влијание.
Пригожин го поздрави државниот удар
Стотици приврзаници на хунтата во Нигер вчера маршираа на улиците на главниот град Нијамеј протестирајќи против западноафриканските санкции извикувајќи проруски слогани и веејќи руски знамиња. Иако лидерот на „Вагнер“ го поздрави пучот како триумф, САД велат дека нема индикации оти „Вагнер“ бил вмешан во соборувањето на Базум.
Военото преземање беше осудено од меѓународната заедница, вклучително и ЕУ, ОН и САД. Претседателот Базум е првиот демократски избран претседател, кој наследи друг во Нигер. Нигер е клучен дел од африканскиот регион Сахел, област зафатена од џихадисти и опколена од воени режими. Во последните години таа се сметаше за пример за релативна стабилност, а нејзините соседи Мали и Буркина Фасо подлегнаа на воените удари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавена првата фотографија по апсењето на убиецот на Чарли Кирк

Медиумите ја објавија првата фотографија од 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на американскиот активист Чарли Кирк.
Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, претходно денес потврди дека клучна улога во неговото апсење имал неговиот татко.
Семејството изјавило и дека последниве години тој станал политички поангажиран, а непосредно пред доаѓањето на Кирк во Јута зборувал против неговите ставови.
Истражителите откриле и пораки меѓу Робинсон и неговиот цимер, во кои се споменува оружје, оставање пушка во грмушка и гравирани куршуми. Робинсон, наводно, рекол и дека морал да ја смени облеката.
Свет
Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши војната во Украина.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп потсети дека имал добар однос со Путин, но нагласи дека ситуацијата станува сè понеприфатлива.
Како можни мерки ги наведе санкциите кон руските банки и нафтената индустрија, додавајќи дека за тоа е потребно и учество на европските држави. Притоа истакна дека веќе презел сериозни чекори – меѓу нив и воведувањето педесетпроцентни царини на извозот од Индија, земја која е еден од најголемите купувачи на руска нафта.
Свет
Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк.
Клучна трага дало семејство кое пријавило признание од Робинсон.
Видео снимките покажале дека на 10 септември пристигнал на местото со „Доџ Челинџер“. Уапсен е на 12 септември во облека што одговара на видеото.
Семејството кажало дека бил „политички поактивен“ и зборувал против Кирк на вечера пред неговото доаѓање во Јута.
Во пораки со цимерот се споменувале наводен заговор, промена на облека и куршуми со гравирани пораки („Еј фашисто! Фати!“, „Бела чао…“, „Ако го читаш ова, си геј“, „OWO. Што е ова?“).