Македонија
Форумот на жени на ЛДП: Таблетарната терапија за прекин на бременост да биде дел од позитивната листа на лекови

Форумот на жени на ЛДП смета дека време е државата да покаже поголема грижа за репродуктивното здравје на жената, па затоа бара таблетарната терапија за прекин на бременост да биде дел од Позитивната листа на лекови.
Воведувањето на едноставна, нехируршка метода за прекин на бременост претставува значаен чекор напред во подобрување на репродуктивното здравје на жените, велат оттаму.
– Во насока на континуирана грижа за правата и здравјето на жените во државата, предлагаме на Позитивната листа на лекови на товар на Фондот за здравствено осигурување на Репиблика Северна Македонија да се најдат и медикаментите со кои се врши прекин на бременост под лекарски надзор и законски уредена постапка, на целата територија на државата, а воедно би се прекинало трагањето по медикаментите во соседните држави каде тие се достапни, додаваат од Форумот на партијата.
Според Цеце Петрова од Форумот планирањето на семејство значи и подобро репродуктивно здравје на жените и нивните семејства.
-Абортусот е дел од здравствената заштита на жените, а секој поединец има право на здравствени услуги по највисоки можни страндарди, вклучувајќи ги придобивките од употребата на најновите научни сознанија. Сакам да изразам задоволство од иницијативата на министерот на здравство Фатмир Меџити за ревидирање на Позитивната листа на лекови, која доаѓа после цели 13 години, како и Одлуката за формирање комисија која ќе предлага ажурирање на истата, вели таа.
-Според досегашните искуства медикаментозниот абортус претставува ефикасна, безбедна и прифатлива опција за прекин на бременост. Од осамостојувањето на државата, до денес, ниту едно средство за превенција и прекин на бременост не се нашло на Позитивната листа на лекови, велат од ЛДП.
Во периодот на спроведување на проектот во рамките на ГАК Скопје, евидентно е дека скоро 70% од пациентките кои се обратиле во ГАК за абортус, по запознавање со придобивките и можните компликации, го избрале медикаментозниот метод, наспроти хируршкиот, а кај над 90% од изведените, тој бил успешно завршен.
Форумот на жените при ЛДП смета дека оваа здравствена услуга треба да им биде достапна на жените како алтернативна метода за прекин на бременост, и цени дека неопходна е потребата од внесување на таблетарната терапија со која се врши медикаментозниот прекин на бременост на Позитивната листа на лекови на товар на ФЗО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски – вечниот политичар без дела, со вечна желба за фотелја, реагира затоа што не беше дел од јахта забавата на Филипче и Заев

„Андреј Жерновски, познат по своите политички прескокнувања и вечна желба да биде „прв во партијата“, повторно се јавува како гласноговорник на СДС, очигледно туркајќи ја агендата за сопствена промоција и позиционирање за иден лидер на партијата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека го анализира ВМРО-ДПМНЕ и измислува анкети по нарачка на партиската кујна на Бихаќка, Жерновски молчи за вистинските скандали кои ја потресоа неговата партија – за јахтите на Заев и Филипче, за апетитите на нивниот олигархиски круг, за милионските тендери и провизии, за клиентелизмот кој ја потопи СДС.
Тој е дел од тажната група вечни политичари кои живеат удобен и комотен живот, а никој не може да се сети на ниту едно нивно конкретно дело или резултат. Политичка неконзистентност и лична амбиција тоа е неговиот единствен „капитал“.
Наместо да држи лекции за економија и политика, нека објасни како тој и неговите ментори ја доведоа Македонија до економски колапс, до историски одлив на млади луѓе и до ниво на корупција невидено во модерната историја.
Жерновски е симбол на политичари кои мислат само на својата фотелја, а секој негов напад врз ВМРО-ДПМНЕ е ништо повеќе од обид да се прикаже релевантен пред партиската база на СДС, во надеж дека еден ден ќе ја заземе лидерската позиција“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Жерновски.
Македонија
СДСМ: Рамковниот договор е важен документ за мирот, соживотот и градењето заедничка иднина

„Рамковниот договор е важен документ кој стави крај на конфликтот од 2001 година, воспостави мир и отвори поглавје на соживот во градењето заедничка иднина“, велат од СДСМ.
„Освен зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата, суштината на Рамковниот договор е издигнувањето над поделбите, меѓусебно помирување и отворање на вратите за заеднички напредок и еднакви можности на сите граѓани.
Сите политички чинители во земјава треба своите напори да ги вложат во политики коишто ги сплотуваат граѓаните, да работат заеднички за едно современо, демократско и интегрирано општество за сите“, соопшти СДСМ.