Македонија
Николов: Наместо нова и модерна позитивна листа, од министерството за здравство по десетти пат најавуваат формирање нова Комисија

Наместо нова и модерна позитивна листа на лекови деновиве четвртиот министер за здравство во Владата на СДСМ и ДУИ триумфално објави дека има датум за нова Комисија за позитивна листа, рече на денешната прес конференција Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
– Едно е јасно, за 7 години, оваа Влада целосно изгуби допир со реалноста. Наместо да ја замајуваат јавноста, надлежните треба да се фатат за работа и да го почитуваат начелото на транспарентност за кое што очигледно не се многу заинтересирани. Во меѓувреме, целосно ги заборавија ветувањата кои ги дадоа, а се однесуваат на лековите, и тоа, редовно ажурирање на нова позитивна листа, лек во секое време за секој пациент, редовна набавка на квалитетни лекови за 44 000 инсулинско-зависни пациенти. Устите им се полни со ЕУ и европски вредности, но на дело нема ништо, додаде тој поставувајќи низа прашања до Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.