Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Османи на таблата требаше да напише ОСТАВКА која ќе стапи на сила веднаш заради катастрофалната дипломатија и навредите од Софија на кои не реагира

Игнорантниот однос на владата на Ковачевски кон кон својот народ се претвори и во отворена ароганција. Министерот Османи наместо да црта на табли, требаше да ја заврши својата работа и да упати остра нота за реториката на бугарските државници упатени на самиот ден Илинден, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат дека додека бугарскиот претседател и премиер ги омаловажуваа македонската историја и македонската борба за државност, Бујар Османи со потценување ги убедува граѓаните дека треба да се направат промени на македонскиот устав под бугарски диктат.
-Османи ако сака може и на ѕид да пишува, но не може да го промени фактот дека источниот сосед отворено најавува нови и нови условувања кои имаат за крајна цел однародување на Македонците. Од Софија пристигаат пораки за менување на учебници, историски наративи за ликови и настани од макдонската историја, како услов за нашето пристапување кон Европската Унија, се вели во соопштението.
Османи наместо за пишување на табла, своето време требаше да го троши на барање иснтитуционални гаранции од ЕУ дека нашите евроинтеграции нема да се претворат во вечни преговори и подвижвна цел или барем да ја прифати подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.
-Сега единствено што му преостанува на Османи е да си напише на табла ОСТАВКА, ама вистинска која ќе стапи на сила веднаш, заради катастрофалната дипломатија која ја води, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ и велат дека оваа влада и нејзиното барање за промена на устав под бугарски диктат се удри во ѕид и единствено решение за ќорсокакот се избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани

Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата.
„Навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем“, извести Државната изборна комисија.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Меѓу вкупниот број државјани со право на глас се и 112 илјади запишани во посебниот Избирачки список со лица во странство, како и 2.162 лица во затвор односно притвор и 450 гласачи од домовите за стари лица.
Локалните избори се одржуваат во сите 80 општини во државата и во Град Скопје.
Се гласа на 3.474 избирачки места.
На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.