Црна хроника
Четворица Срби повредени во тешка сообраќајна несреќа на автопатот „Пријателство“

Четворица Срби се повредени денеска во сообраќајна несреќа кога автомобил „шевролет“ излетал од автопатот „Пријателство“.
Несреќата се случила околу 1 часот и 40 минути, на автопатот А1, помеѓу Гевгелија и граничниот премин Богородица.
Во незгодата со повреди се здобил сопатничката К.С.Ј. (38), додека потешко повредени се М.С. (61), и П.Ј. (36). Повреден е и возачот на „шевролетот“ З.С. (65). Како што е утврдено при преглед на патниците, сите повредени во сообраќајната несреќа се од Србија.
Полицијата изврши увид на лице место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен 71-годишен маж, предизвикал два пожара во Демиркаписко

Полицијата уапси 71-годишен маж кој предизвикал пожари во Демиркаписко.
Според информациите на МВР, вчера во 18 часот полициски службеници го уапсиле Н.М.(71) од Демир Капија поради сомнение дека во два наврати предизвикал пожари.
Имено, тој се сомничи дека во 10 часот предизвикал пожар на место викано „Горна Лака“ во близина на Демир Капија, од кој биле зафатени сува трева, нискостеблеста шума и два лозови насади.
Исто така, тој се сомничи дека околу 15 часот во близина на истото место предизвикал пожар од кој биле зафатени шума и земјоделска површина.
Пожарите биле изгаснати од екипа на Територијалната противпожарна единица Неготино, а повредени лица нема. Н.М. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Велес, уапсени две лица, пронајдена дрога и куршуми

Полицијата најде дрога и куршуми во Велес, а за случајот се уапсени две лица.
Според информациите на МВР, вчера во 20.40 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.К.(46) и М.Т.(44), двајцата од Велес.
Тие биле забележани од полициски службеници во моментот кога М.Т. му продавал пакување со прашкаста материја на С.К..
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.Т., при што биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, пакување со грутчеста материја, три куршуми калибар 9мм, една дигитална вага и пари.
По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Куршум се одбил од подот и погодил момче во Кичевско – пукањето на прослава заврши со повреда

Двајца мажи од кичевското село Трапчин Дол се лишени од слобода откако 16-годишно момче било повредено од куршуми испукани при семејна веселба.
Како што информира МВР, на 22 јули околу 2:30 часот по полноќ, полициски службеници од ОВР Кичево ги привеле Ф.Ф. (36) и Ч.Ф. (52). За време на славје во дворот од семејната куќа, Ф.Ф. пукал неколку куршуми од пиштол, кои по одбивање од подот повредиле момче од селото Стрелци.
Повредениот бил веднаш пренесен во Општата болница во Кичево, а полициски екипи извршиле увид на местото на настанот. Се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни пријави.