Македонија
Левица: Европската комисија потврди – Рамковниот балансер не ги исполнува целите
Европската комисија го објави нацрт-извештајот од скрининг процесот за првиот кластер од поглавјата на Унијата, во кој ЕК го потврдува тоа што Левица го говори секојдневно – не постојат поголеми анти-европскии партии од криминалната коалиција СДС и ДУИ, велат од Левица.
„Забелешките на ЕК се однесуваат на многу прашања за кои Левица веќе има јавно реагирано, како на пример злоупотребата на т.н „европско знаменце“ за да се прошверцуваат сомнителни закони без комисиска расправа. Комисијата, исто така, нотира дека власта ги нема земено во предвид препораките на Венецијанската комисија во однос на противуставната двојазичност, која ја воведе СДС за задоволување на големоалбанските апетити на шовинистичките албански партии.
Но, најголемата новост во овој извештај е мислењето на ЕК за фамозниот „етнички балансер“ – најзлоупотребуваната алатка на необалистите од ДУИ“, соопштуваат од Левица.
Во извештајот се вели: „Балансерот“, алатката за човечки ресурси, кој го одредува процентот на застапеност на вработени во јавниот сектор од секоја етничка група, веќе не ги исполнува целите, затоа што формулата не ги одразува пописните податоци за населението кое живее во земјата.” Комисијата дополнително утврдува дека паралелните процедури за вработување (поставени за да се зголеми вработеноста на малцинставата во јавниот сектор) може да ги поткопаат принципите на ефективност и да влијае на независноста на институциите.
Потсетуваме дека Левица, во однос на злоупотребувањето на „балансерот“ како главен механизам на картел партијата ДУИ за вработување на партиска војска, има поднесено иницијатива за инспекциски надзор пред една година. Тогаш, Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, спротивно на Законот за вработените во јавниот сектор, како основ за пресметка на работни места по “етничка” припадност, во веб-алатката балансер го додаде и нерезидентното население, се наведува во соопштението на Левица.
Позитивната дискриминација по етничка припадност, која требаше да биде транзитен период, се втемели како дискреционо право на ДУИ за партиски вработувања, за што и експерти реагираат дека Рамковниот договор после 20 години – не ги исполнил своите цели, соопштуваат од Левица.
Левица се залага за укинување на рамковниот „балансер“, како главен извор на етничката поделеност помеѓу граѓаните, и воведување на т.н. социјална позитивна дискриминација при вработување во јавниот сектор, односно предност за вработување да имаат кандидатите кои доаѓаат од социјално-загрозени семејства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

