Македонија
Таравари: Битно ни е да поминат уставните промени, во Алијансата не дискутиравме дали остануваме или излегуваме од Влада
За околу две недели во парламентот на пленарна седница ќе излезат уставните измени. Алијанса за Албанците имаше состанок минатата недела на централното претседателство. Воопшто не дискутиравме за тоа дали остануваме или излегуваме од Влада. Битно ни е да поминат уставните промени, се уште сме оптимисти дека има шанси да се случат, да се започнат уставните промени. Ако не ќе видиме како понатаму. Како ќе се одвиваат работите така и ќе одлучуваат партиските тела на Алијанса за Албанците, изјави претседателот на АA, Арбен Таравари.
Тој не мисли дека е добро да се одржат избори во ноември или декември бидејќи редовните претседателски се во март или април.
– Мислам дека редовни парламентарни избори не треба да има во јули, бидејќи три месеци пред тоа се претседателските. Двојни избори за три месеци е нерационално. Треба консензус за датумот кога ќе се одржат парламентарните избори, вели Таравари.
Тој одговори дека со Ахмети не разговарал ништо на средбата неодамна, туку дека биле заеднички на ист настан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

