Регион
Две лица меѓу кои и дете се удавија во морето во Бугарија, спасувачите тврдат дека туристите не ја почитуваат забраната за капење
Две лица загинаа, давејќи се во морето во Варна, Бугарија.
Силниот ветер влијаел на појавата на големи бранови, а според спасувачите на плажата, голем број туристи не го почитувале истакнатото црвено знаме ниту пак, ги слушале предупредувањата, пренесува бугарскиот портал „Труд“.
30-годишен маж се удавил додека пливал ноќе, а 12-годишно момче се удавило преку ден, но во моментот на несреќата со него не биле неговите родители, туку само сестрата којашто ги повикала спасувачите.
„Силниот ветер ја намали температурата на морето за 15 степени и создаде големи бранови. Спасивме повеќе од 10 лица кои ја игнорираа забраната за пливање“, рече спасителот Георги Есов и додаде дека против несовесните капачи ќе бидат поднесени прекршочни пријави.
Тој исто така изјави дека за првпат во 30 години – колку што е во бизнисот, се радува на крајот на сезоната.
„Туристите стануваат се понецивилизирани – не’ пцујат затоа што им ги спасуваме животите“ рече Есов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра
По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени за криумчарење најмалку 47 турски мигранти во најмалку пет наврати и криумчарење на разновидна „комерцијална“ стока преку граница.
Инспекторите се сомневаат дека првообвинетиот, со засега непознати лица од БиХ, се договорил и за пари организирал континуирано нелегално префрлање на поголем број странски државјани од БиХ во Хрватска преку граничните премини во Гуња, Топушка и други места.
За нивниот пикап и превоз преку граница за цена од 1.500 евра по превоз, организаторот на групата во договор со еден од осомничените царински службеници го ангажирал четвртопријавениот, кој ги превезувал мигрантите скриени во багажникот на возилото. Потоа ги предал на непознати лица за понатаму да ги вози до договорените дестинации во Хрватска и другите земји од Европската унија.
Регион
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
Радослав Драгијевиќ (70), татко на Дејан Драгијевиќ (50), кој заедно со својот колега Срѓан Јанковиќ (50) е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Бор, двомесечниот притвор во кој беше задржан за кривичното дело помагање на сторителот завршува на 29 мај по стореното кривично дело, а на крајот на мај ќе биде пуштен на слобода, објави српски „Блиц“.
Како што изјавиле за „Блиц“ од Вишото јавно обвинителство Заечар, за ова кривично дело нема законска можност за продолжување на притворот, а се очекува Радослав Драгијевиќ да биде ослободен на 29 мај.
Од Обвинителството известиле дека ќе предложат и продолжување на притворот за главните осомничени Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ.
Данка Илиќ беше убиена на 26 март годинава. За ова дело се осомничени Дејан Драгијевиќ од Злот и Срѓан Јанковиќ од Лука, двајцата работници на ЈКП „Водовод“ од Бор, кои се во притвор.
Во полиција беше приведен и братот на Дејан, Далибор Драгијевиќ, кој почина во полициската станица во Бор.
Регион
Заврши вештачењето на осомничените за убиството на Данка Илиќ, прогласени се за пресметливи
Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, кои се осомничени за убиството на Данка Илиќ (2), по психијатрискиот преглед во Специјалната затворска болница во Белград, се прогласени за пресметливи.
Драгијевиќ и Јанковиќ во април беа испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, а денеска од Вишото јавно обвинителство Зажечар за „Нова.рс“ потврдија дека осомничените врз основа на наодите на вештачењето се прогласени за пресметливи.
Според досега добиените резултати од вештачењето на ДНК во Вишото јавно обвинителство во Заечар, од девојчето Данка Илиќ нема биолошки траги.
Сè уште трае и вештачењето на движењето на возилото на осомничениот врз основа на ГПС-уредот.