Забава
Крис Нот призна дека бил неверен, но целосно ги отфрли наводите за сексуални напади

Крис Нот категорично ги демантира наводите за недолично сексуално однесување во своето прво интервју за обвинувањата, кои неславно ја прекинаа неговата кариера.
Актерот (68), кој тврди дека сè уште е близок со своите поранешни колешки од „Сексот и градот“, изјави за „Ју-ес-еј тудеј“ дека сите средби што ги имал надвор од бракот биле консензуални.
„Залутав од сопругата и тоа е поразително за неа и не е многу убава слика“, изјави тој за весникот. „Но, тоа не е злосторство“.
Поранешната ѕвезда на „Закон и ред“ е во брак со Тара Вилсон (38) од 2012 година. Двојката беше заедно 10 години пред да се венчаат. Тие се родители на Орион (15) и Китс (3). Нот откри за весникот дека разговарал со својот тинејџер за ситуацијата.
Нот го призна своето неверство: „Си ги даваш истите оправдувања како и многу мажи, тоа е само мал танц на страна и забавно е“.
„Се правдав со тоа што си велев: не повредуваш никого, никој нема да знае за ова, сексот е само задоволство“.
„И, одеднаш, многу сакаат да имаат секс со тебе. Тоа е како: па, нема повторно да ја добијам оваа шанса“.
Четири жени раскажаа различни приказни за своите искуства со ѕвездата на „Сексот и градот“. Во декември 2021 година, само неколку недели откако неговиот лик (Мистер Биг) починува во продолжението на „Сексот и градот“, две жени излегоа во јавноста со своите наводи за сексуален напад. Една од нив тврдеше дека ја силувал во 2015 година откога го запознала актерот додека работела во ноќен клуб. Втората изјави за „Холивуд репортер“ дека ја силувал во 2004 година. Третата се огласи набргу по написот и во разговор со „Дејли бист“ рече дека актерот ја нападнал кога имала 18 години во ресторан во Њујорк. Нот ги негира ваквите наводи заедно со тврдењата на четвртата жена, која исто така го обвини за недолично однесување.
Претставникот на актерот ги нарече наводите целосно лажни.
Харизматичниот Мистер Биг, беше „убиен“ во првата епизода од новото поглавје на култната серија, потег што беше планиран како дел од заплетот. Во сцената Мистер Биг, љубовта на Кери Бредшо, умира од срцев удар додека вози статичен велосипед.
Сè заврши со неколку написи во весниците. Против актерот не беа поднесени никакви тужби, но обвинувањата ѝ нанесоа сериозен удар на неговата кариера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Бегаат од сериозни врски: три хороскопски знаци на мажи што тешко се врзуваат

Некои мажи едноставно не се гледаат себе си во долгорочни врски. Според астролозите, оние родени во овие три хороскопски знаци најчесто ја избегнуваат обврската и тешко се одлучуваат за стабилна љубовна врска.
Близнаци
Темпераментни, полни со живот и секогаш во потрага по нова стимулација – мажите Близнаци брзо се заморуваат од рутина. Обврзувањето за нив звучи губење на слобода, па често оставаат впечаток дека се присутни, но секогаш подготвени да исчезнат.
Стрелец
Стрелците се авантуристи кои не поднесуваат ограничувања. Долга врска за нив најчесто значи „губење на крила“. Дури и кога се заљубени, склони се да ги одложуваат обврските – едноставно затоа што слободата им е најважна.
Водолија
Мажите Водолии сакаат интелектуална поврзаност и оригиналност, но тешко се вклопуваат во класични љубовни модели. Кога ќе почувствуваат притисок или премногу очекувања, се повлекуваат. За нив, слободата и сопствениот стил на живот се пред сè.
Забава
Брзо ќе ве преболат: хороскопски знаци кои не патат по раскинување на љубовна врска

Раскинувањата за многумина се тежок и болен процес, но некои хороскопски знаци се познати по тоа што брзо се опоравуваат и се насочуваат кон нови искуства. Наместо да се задржуваат во минатото, тие продолжуваат напред – полни со енергија и подготвени за нови прилики. Според астрологијата, овие три знаци најбрзо закрепнуваат по прекин на врска:
Овен
Овните не губат време на тажење – нивната природна желба за движење и авантура ги тера напред. Кога раскинувањето ќе стане реалност, тие многу брзо наоѓаат нови активности и луѓе со кои го исполнуваат своето секојдневие. Наместо да останат заробени во минатото, тие се фокусирани на тоа што доаѓа.
Стрелец
Стрелците се познати по својот слободоумeн дух и желбата за истражување. За нив, раскинувањето не е крај, туку можност за нов почеток. Брзо наоѓаат смисла во нови искуства – преку патувања, дружења или учење нешто ново, па затоа тагата им трае пократко отколку кај повеќето други знаци.
Водолија
Водолиите често се однесуваат кон емоциите рационално и со доза дистанца. Кога ќе дојде до раскин, тие го доживуваат како природен тек на нештата, а не како трагедија. Нивната ориентираност кон иднината и иновативните идеи им помагаат брзо да се одвојат од минатото и да продолжат понатаму без преголемо жалење.
Забава
Жената која на лажниот Бред Пит му дала 800.000 евра ги покажа пораките што ѝ ги праќал

Француската дизајнерка на ентериери, Ан Деноушател (53), дојде на насловни страници низ целиот свет откако откри дека на измамници кои се претставувале како Бред Пит им дала повеќе од 800.000 евра. Во својата нова книга Je ne serai plus une proie („Нема повеќе да бидам плен“) открива детали за измамата, но и шокантен заклучок – ѝ е драго што сè се случило бидејќи тоа довело до нејзиниот развод од сопругот.
Почеток на онлајн романса
Деноушател раскажала дека била осамена и заробена во несреќен брак со „себичен и манипулативен милионер“ кога на Инстаграм добила порака од личност која се претставила како мајка на Бред Пит. Наскоро започнала разговор и со „лажниот глумец“ преку Телеграм, а таа, како што вели, станала „зависна“ од тие разговори и живеела во „целосна илузија“.
Кога измамникот почнал да бара пари, таа се чувствувала сакана, нешто што ѝ недостасувало во бракот.
„Мојот сопруг ме доведе во непријатна ситуација. Ми рече дека треба да бидам задоволна што сум негов трофеј. Повеќе немав никаква независност. Во еден момент, изгледаше полесно да му помогнам на ‘Бред’ отколку да си помогнам себеси“, изјавила за францускиот „Ле Монд“.
Љубовни пораки и понуда за брак
Со месеци разменувале интимни пораки. Тој наводно ѝ се доверувал за својата зависност од алкохол, за осаменоста и разводот од Анџелина Џоли, а таа му раскажувала за проблемите со сопругот. Деноушател вели дека се чувствувала како на „продолжен меден месец“ додека лажниот глумец ја опсипувал со романтични пораки, љубовни песни, па дури и понуда за брак.
„Моја кралице“, ѝ пишувал. „Ти си сè што имам. Те обожавам. Душо, толку многу те сакам.“ Поради интензивната врска што се развила, таа вели дека се одвоила од реалноста. „Се одвоив од својата вообичаена реалност за да живеам целосна фантазија. Се чувствував како да сум конечно своја.“
Како изгубила повеќе од 800.000 евра
Во текот на 14 месеци, од април 2023 до јуни 2024 година, му префрлила повеќе од 800.000 евра. На почетокот парите биле за наводни царински трошоци за подароци кои тој ѝ ги купил, а кои никогаш не стигнале. Подоцна плаќала огромни болнички трошоци, бидејќи ја убедил дека боледува од рак на бубрезите и дека му е потребна трансплантација.
Тој тврдеше дека неговата банкарска сметка е замрзната поради бракоразводна постапка. Испраќал и фотографии создадени со помош на вештачка интелигенција, на кои наводно се гледа како лежи во болнички кревет. Во еден момент „Бред“ паднал и во кома, поради што таа морала да плаќа и пенали на холивудско студио, бидејќи било одложено снимањето на неговиот нов филм.
Развод од сопругот
Измамената жена конечно престанала со уплатите откако добила барање за речиси 15.000 евра за приватен авион. Емоционално исцрпена и изолирана од семејството и пријателите, случајот го пријавила во полиција. Истрагата открила дека зад измамата стојат тројца мажи од Нигерија.
Откако нејзината приказна излегла во јавност, измамниците последен пат ѝ се јавиле. „Љубов, мојата сметка на Телеграм ја хакирале измамници. Сега ќе направам сè за да ја обезбедам нашата безбедност.“
„Искрено ми е жал ако моето невнимание ја предизвика оваа ситуација“, стоело во пораката.
Иако останала без пари и завршила на психијатриско лекување, Деноушател вели дека разводот од сопругот е „единствената позитивна работа“ што произлегла од оваа болна измама.
Прочитај и: Се претставил како Бред Пит и побарал пари за лекување: му уплатила 830.000 евра