Македонија
Последни денови од наградната игра на Credissimo – вклучи се и добиј сега!
Кој ќе биде вториот добитник на патување во Италија? Наближува крајот на наградната игра „Ma Tantissimo со Credissimo“. Нетрпеливо се очекува доделувањето на втората главна награда. Кој ќе биде најсреќниот кому ќе му се исполни сонот да ја посети единствената Италија? Тоа ќе се открие на 15.08.2023.
Доколку ги правиш последните подготовки за летен одмор, или, пак, сакаш да купиш нова веспа, подготвуваш голем настан за твоите најмили, или, пак, едноставно чувствуваш дека е време да ја обновиш гардеробата и ти е потребна финансиска помош, искористи ја можноста и земи кредит со 0 % камата и трошоци за 3 месеци рок на отплата. Директно ќе бидеш вклучен во последните извлекувања на наградната игра, а доколку имаш среќа можеш да добиеш една од многуте “tantissimo” награди.
Правилата за наградната игра можеш да ги видиш на овој линк.
Кој има право на учество?
Право на учество во „Ma Tantissimo со Credissimo“ имаат сите постоечки и нови корисници, кои ќе аплицираат за кредит до 13.08.2023. Сите кои не се корисници на услугите на Credissimo, а сакаат да учествуваат во наградната игра, можат да ја искористат промоцијата која ја нуди Credissimo со 0 % камата за 3 месеци рок на отплата. Аплицирањето за кредит е брзо, лесно и едноставно. Може да се аплицира онлајн на www.credissimo.mk и со јавување на телефонскиот број 15020, без комплицирани процедури и дополнителни чекања. Парите ќе стигнат веднаш на твојата сметка по одобрувањето. При отплата на кредитот не се плаќа камата и дополнителни трошоци – едноставно, колку се зема толку се враќа.
ПР Текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

