Македонија
(Видео) Исплашена мечка бегаше од автомобили, снимена на патот кон Битуше
Meчка беше забележана додека бега на патот од селото Велебрдо према Битуше, во општината Маврово и Ростуше.
Како што може да се забележи на видеото снимено од автомобил во движење, животното трча по тесниот пат, за најпосле да навлезе во шумата покрај асфалтот.
Случајот со мечките во Марвово и Росуште се актуелизираше повторно минатот месец, откако мештаните во Галичник предупредија на зголемено присуство.
Галичаните ги повикаа надлежните да дејствуваат бидејќи мечки во повеќе наврати им влегуваат во селото и претураат по контејнерите.
Во апелот до институциите, од месната заедница во Галичник беше посочено дека кај населението постои страв, но не бараат дозвола за отстрел. Според нив, тоа треба да биде последна опција за решавање на проблемот.
Кажаа и дека се работи за чиста среќа што досега нема повреда на населението, но ризикот не е исклучен, па затоа неопходно е да се преземе нешто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Собранието седници на три комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет, Законодавно-правната комисија и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија се две точки – Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, со европско знаме и по скратена постапка.
Скопје
Делови од Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
-Во период од 10:30 – 11:00 часот, дел од корисниците на место.наречено Присојница – Горно Нерези во општина Ѓорче Петров
– Во период од 09:00 – 12:00 часот, дел од булевар Борис Трајковски (кај Вардар мебел) во општина Кисела Вова.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност, која кон крајот на денот ќе се зголеми. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Под влијание на циклонска активност во петок и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер.
Потоа во следните два дена ќе настапи стабилизирање на времето.