Црна хроника
Нападната и ограбена жена од Велес, разбојникот уапсен

Вчера попладне во 13.20 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 40-годишниот Ѓ.К. од Велес, поради основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“, извести МВР.
– Имено, истиот ден на ул.„Илинденска“ во Велес тој физички ја нападнал М.М (76) од Велес, при што ѝ одзел паричник со пари, соопшти МВР.
Лицето е приведено во Полициската станица Велес, а одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
25-годишник од Велес со тешки повреди пренесен во болница: управувајќи мопед паднал на коловозот

Вчера во 22:15 часот во СВР Велес е пријавено дека на улицата „Васил Ѓоргов“ во Велес, 25-годишниот К.П. од Велес управувајќи мопед со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.П., констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од СВР Велес.
Црна хроника
При градежни активности на имот во Кисела Вода била оштетена цевка од гасовод, при што имало истекување гас

Вчера во 11:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека при ископ и вршење градежни активности на имот на правно лице на булеварот „Борис Трајковски“, на подрачје на Кисела Вода во Скопје, била оштетена цевка од гасовод, при што имало истекување на гас.
Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода и инспектор за животна средина излегле на местото и било констатирано дека од страна на фирмата „Нома гас“ биле исклучени вентилите и појасниле дека на местото нема присуство на гас.
Увид бил извршен и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 291 од Кривичниот законик – „уништување или оштетување на јавни инсталации“.
Црна хроника
Жена добила тешки повреди додека работела како хигиеничарка во државна институција на подрачјето на Центар

Вчера во 14:10 часот во СВР Скопје, 56-годишната В.П. од село Јурумлери, скопско, пријавила дека околу 07:30 часот во објект на државна институција на подрачјето на Центар, додека извршувала работни задачи како хигиеничарка, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
За настанот бил известен трудов инспектор.