Црна хроника
Француски државјани повредени во сообраќајка во село Кравари, со возило излетале од пат и удриле во столб

Вчера во 12.40 часот во СВР Битола е пријавено дека на крак А-3, Битола-државна граница со Грција, во село Кравари, патничко возило „пежо 205“ со француски национални ознаки, управувано од 22-годишниот M.В.O.Ц. од Франција, излетало од коловозот и удрило во столб, извести МВР.
– Во несреќата, сопатничката M.П.П.М.(25) се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и сопатничката M.M.Б.(23), сите од Р.Франција, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, соопшти МВР.
Увидот изврши увидна екипа на СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен криминалец од Арачиново баран со потерница

Полицијата денеска уапси жител на Арачиново, скопско, кој бил баран со потерница.
Според информациите на МВР, околу 13.35 часот во село Арачиново, по претходно преземени оперативно тактички мерки, од страна на полициски службеници е лишен од слобода Ј.Б. (28) од с. Арачиново, кој бил баран со централна потерница.
Уапсниот е предаден на КПУ „Затвор Скопје”.
Црна хроника
Поднесено обвинение за Штекли и уште девет лица за продажба на кокаин и марихуана

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против десет лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Станува збор за групата што вршела продажба на дрога, а првообвинет е Раде Трајковски познат како Штекли.
Според информациите на Обвинителството, во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година обвинетите како повеќе лица се здружиле во криминална група која на територијата на град Скопје се занимавала со неовластена трговија со кокаин и марихуана.
„Врз основа на прибавените докази во истражната постапка утврдено е дека групата била јасно структурирана и имала строго дефинирани улоги меѓу членовите – од набавка и складирање, до пакување, транспорт и продажба на дрогата. Дрогата била складирана во специјално изнајмени станови, а потоа во помали количини дистрибуирана и продавана на нарко-пазарот, по утврдени цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Парите од продажбата се предавале на првообвинетиот кој како награда дел од парите им давал на останатите обвинети, а воедно им давал и насоки за проширување на мрежата на препродавачи“, соопшти Обвинителството.
Членовите на групата користеле мрежа на препродавачи и посредници од кои седуммина опфатени во овој предмет ја признале вината и се спогодиле со обвинителството и притоа добиле затворски казни.
Со Обвинителниот акт предметниот обвинител достави и предлог за продолжување на мерка притвор и мерка куќен притвор за обвинетите.
Црна хроника
Насилство во Центарот за социјални работи – скопјанец пријавил дека го нападнала партнерката

Триесет и осумгодишен скопјанец, во полицијата пријавил дека во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од неговата поранешна партнерка А.Д.(35).
Истотака, според пријавеното, и нејзин родина му се заканувал со остар предмет му се заканувал.
МВР презема мерки за расчистување на случајот.