Македонија
(Видео) Хоџа ја регистрираше партијата, а изрази загриженост за уставните измени: Тоа ни е прва битка
Аријанит Хоџа кој неодамна собра потписи и ја регистрираше новата партија денеска, ден пред одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, и ја промовираше Европска демократска партија.
Хоџа е поранешен заменик-претседател на Движењето Беса.
-Во овој момент сме во отворање на нова страница. Пред нас е првиот чекор, првата битка, а тоа се уставните измени. Без да има епилог во уставните измени не можеме да кажеме како ќе се одвива политичката сцена. Нормално ние очекуваме да поминат уставни измени бидејќи тоа е отворање на вратата за Европската Унија. Доколку не поминат уставните измени тогаш државата влегува во едно сценарио во кое навистина европската перспектива е загозена, вели Аријанит Хоџа, лидерот на новата политичка партија на Албанците во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран е сообраќајот на патот Струмица-Валандово
АМСМ информира дека од 10 часот сообраќајот на регионалниот пат Струмица – Валандово, на излез од селото Костурино, е нормализиран.
Поради сообраќајна несреќа утрово од 6:40 часот регионалниот пат Струмица – Валандово беше затворен.
Македонија
Пожарникарите гаснеа три пожари на отворено, информира ЦУК
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изминатото деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 имало вкупно 2.028 повици. Од нив „реални“ биле 60,06 отсто, а 39,94 проценти не биле итни. Кон полиција биле упатени 67,16 отсто, кон Итната медицинска помош 19,82, кон пожарникарите 5,03, а кон АМСМ 0,30 проценти од реалните повици.
Според ЦУК, регистрирани се и три пожари на отворено. Од 11.50 до 12.45 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило се гаснела запалена ниска вегетација во атарот на с. Могила (Општина Битола), во 16.20 до 19.20 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило се гаснело запалено ѓубре патот од Демир Хисар кон Струговско Езеро (Општина Демир Хисар), од 19.00 до 19.50 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило се гаснело запалено стрниште во с. Крупиште (Општина Чешиново Облешево) и од 15.50 до 17.30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило се гаснело запалено стрниште во атарите на селата Таринци и Карбинци (Општина Карбинци).
Македонија
65 литри на метар квадратен дожд во Пожаране и Лазарополе
Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Пожаране и Лазарополе. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи наврнат е воден талог од 65 литри на метар квадратен.
До осум часот утрово наврнати се 58 литри на метар квадратен во Маврови Анови, 57 во Дебар, 56 на Попова Шапка, 53 во Тетово, 48 во Крушево, 45 во Охрид, 31 во Скопје-Петровец и Крива Паланка, 28 во Скопје-Зајчев Рид и Куманово, 20 во Велес, 19 во Претор, 14 во Прилеп, 13 во Берово и Тополчани, 11 во Битола, 8 во Кавадарци, Виница и Струмица, 7 во Штип, 4 во Демир Капија и 1 литар во Гевгелија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа во источните делови пообилни, проследени со ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.