Македонија
СДСМ: Дали намерно пратениците на ДПМНЕ не го известиле Мицкоски за Декларацијата за Илинден?

Со денови ДПМНЕ пласира едни исти лаги за Декларацијата за Илинден којашто ја поднесе СДСМ. Што се случува во ДПМНЕ? Дали намерно пратениците на ДПМНЕ не го известиле Мицкоски дека Декларацијата за Илинден е поднесена во Собранието? Доколку во ДПМНЕ меѓу себе си кријат информации едни од други тоа е едно, но изнесувањето невистини и лаги во јавноста е нешто сосема друго, се вели во реакцијата од СДСМ.
– Која е целта на пратениците на ДПМНЕ не навлегуваме, тоа го сметаме за внатрешно прашање во опозициската партија, но јавноста ја заслужува вистината. Впрочем сметаме дека и самиот Мицкоски заслужува да ја знае вистината. Затоа, во прилог на ова соопштение испраќаме и директен линк до собраниската интернет страница каде Мицкоски ќе може да ја прочита и воедно да ги одбегне обидите на неговите пратеници да му кријат јавно достапни информации, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Во Владата ќе се одржи одбележување на 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
По тој повод со почеток во 10:00 часот во Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи свечена седница на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.
Настанот ќе биде пренесуван во живо на „Фејсбук“ и „Јутуб“ каналот на Владата.
Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД.
Македонија
Сончево и многу топло со мала локална облачност: максималната температура до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Времето во наредните денови
Ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност преку денот. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Македонија
ЦУК: 27 пожари во Македонија

Во текот на денешниот ден, низ Македонија, до 21 часот, имало 27 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од нив, седум се уште се активни, три се под контрола, а 17 се изгаснати.
АКТИВНИ (7):
Општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума)
Општина Сарај – с. Радуша кон с. Дворце (ниска вегетација)
Општина Брвеница – с. Милетино (ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – с. Крапа (ниска вегетација и нискостеблеста шума)
Општина Долнени – с. Пешталево (ниска вегетација и стрништа)
Општина Прилеп – с. Големо Коњари (ниска вегетација и стрништа)
Општина Куманово – с. Табановце (ниска вегетација)
ПОД КОНТРОЛА (3):
Општина Крива Паланка – с. Нерав, место Биљино (ниска вегетација и шума)
Општина Кичево – с. Челопеци (нискостеблеста шума)
Општина Сарај – с. Свиларе (ниска вегетација и мешана шума)
ИЗГАСНАТИ (17):
Општина Чешиново-Облешево – с. Чешиново (ниска вегетација)
Општина Куманово – „Дива населба“ (ниска вегетација)
3-6. Општина Јегуновце – с. Прељубиште, с. Јанчиште, с. Копанце, с. Орашје (ниска вегетација)
Општина Куманово – с. Оризаре (ниска вегетација)
Општина Радовиш – с. Прналија (ниска вегетација и меѓи)
Општина Ново Село – с. Старо Коњарево (ѓубриште)
Општина Долнени – с. Секирци (ниска вегетација и трски)
Општина Кривогаштани – с. Обршани (ниска вегетација)
Општина Брвеница – с. Теново – Св. Недела (ниска вегетација и зимзелени дрва)
13-14. Општина Струга – Струшко Поле (стрниште), с. Калишта (ниска вегетација)
15-16. Општина Гостивар – с. Градец (ниска вегетација), ул. ЈНА (дрвја)
Општина Врапчиште – с. Сенокос кон с. Горјане (мешана шума)