Македонија
Стоилковски: Ковачевски и експозитурата на ДУИ и СДС, не може да се амнестираат од случувањата во Скопје и Тетово а глумењето „државништво“ отпосле е срамен чин
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање во однос на случувањата за време на посетата на Курти на Македонија и осудите од Ковачевски и Пендаровски истакна дека Ковачевски и експозитурата на ДУИ и СДС, не може да се амнестираат од случувањата во Скопје и Тетово а глумењето „државништво“ отпосле е срамен чин.
„Ковачевски и експозитурата на ДУИ, СДС, не може да се амнестираат од случувањата во Скопје и Тетово. Секогаш кога на виделина испливуваат предавствата и подаништвото на СДС во коишто ја втурнаа Македонија, се вадат со терминологија „приватна посета“. За потсетување, “приватна посета” беше и престојот на Јотова и цел бугарски државен врв во Битола за отворањето на Бугарскиот клуб. Се сокрија и СДС и Бујар. Истото се случува и сега. Разликата е во тоа што глумење „државништво“ отпосле е срамен чин. СДС гласале за промена на улици, СДС обезбедиле полициски редари и кордони за Курти, СДС и нивниот посакуван кандидат за претседател Оливер Спасовски повторно ја доведоа Македонија на колена! Јасно е дека ДУИ и експозитурата СДС со пропаѓањето на политиките применуваат единствената тактика, и од „зелена агенда“ преминуваат на агенда креирање меѓуетнички прашања“ нагласи Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

