Регион
Грците бараат уште десетина хулигани, пронајдени се два клучни доказа, пишуваат грчките медиуми
Грчката полиција сè уште се обидува да открие кој го уби 29-годишниот навивач на АЕК, Михалис Кацурис, за време на хулиганските немири во Атина пред повеќе од една недела. Грчките медиуми објавија нови информации за истрагата.
Во наредната недела, пишува „Прототема“, ќе бидат познати резултатите од ДНК-примероците собрани од 105 уапсени хулигани. Примероците собрани од уапсените ќе се споредат со оние пронајдени кај убиениот 29-годишник за да се утврди дали некој од нив е убиецот.
Според информациите од полицијата, пишуваат грчките медиуми, во наредната недела ќе бидат објавени податоци за 60-ина предмети, кои по нередите беа одземени и собрани околу стадионот на АЕК.
Властите ја фокусираа својата истрага на два ножа на преклопување, кои беа идентификувани и запленети и се сметаат за клучни докази во случајот, пишува „Прототема“. Едниот наводно е на уапсениот со албанско потекло, а другиот на 23-годишен Хрват. Полицијата се надева дека анализата на примероците од ДНК од ножевите ќе даде нови информации, кои ќе помогнат да се идентификува убиецот.
Полицијата смета дека сè уште не се уапсени сите хулигани што учествувале во нередите, а се трага по уште 10-12 лица, Хрвати и Грци. Грчките медиуми пишуваат дека полицијата верува оти овие хулигани се кријат во Грција и чекаат да се смири ситуацијата по што планираат да избегаат.
Полицијата утврдила и дека најмалку 5-6 хулигани, кои биле уапсени и снимени за време на нередите, учествувале и во инцидентите што се случија во ноември 2015 година во Атина на натпреварот од Лигата на шампионите. Грчката полиција тогаш идентификува 35 хрватски навивачи, кои учествуваа во нереди со српски навивачи. Тогаш беа уапсени неколку лица, од кои некои беа уапсени и во немирите минатата недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Јотова го назначи Ѓуров за технички премиер: Бугарија влегува во процес на формирање привремена влада
Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, ќе го задолжи кандидатот за вршител на должноста премиер Андреј Ѓуров да формира влада, соопшти прес-службата на шефот на државата.
Шефицата на државата го назначи заменик-гувернерот на Бугарската народна банка (БНБ) Андреј Ѓуров за вршител на должноста премиер. Денес во 10:00 часот, претседателката Јотова ќе го прими Ѓуров во Дондуков 2.
Според Законот на БНБ, доколку гувернерот или заменик-гувернерот изразиле експлицитна согласност да бидат назначени за вршител на должноста премиер, тој или таа треба да поднесе оставка.
„Фер избори може да се одржат кога привремената влада не се меша во политичката сцена, е доволно неутрална и работи само во рамките на овластувањата што ѝ се доделени со Уставот“, рече Андреј Ѓуров по разговорот со Илијана Јотова во јануари, пренесува „Офњуз.бг“.
Според Уставот на Бугарија, по консултации со пратеничките групи и по предлог на кандидатот за привремен премиер, претседателот назначува привремена влада и закажува избори во рок од два месеци.
Минатата недела, претседателката изјави дека таа и нејзиниот тим ќе сторат сè што е можно за да се одржат изборите на првиот датум по велигденските празници. Првата недела по Велигден е 19 април.
Регион
(Видео) Тепачка во турскиот парламент додека новиот министер за правда полагаше заклетва
Во турскиот парламент изби тепачка меѓу пратениците на владејачката АКП и опозициската ЦХП за време на полагањето заклетва на новиот министер за правда Акин Гурлек.
Инцидентот настанал кога опозициски пратеници се обиделе да го спречат Гурлек да се заколне, по што дошло до туркање и физичка пресметка. Седницата била прекината околу 15 минути.
Гурлек на крајот ја положил заклетвата, додека опозицијата фрлала копии од Уставот кон претседателот на парламентот.
ЦХП оцени дека неговото назначување е удар врз демократијата, додека АКП тврди дека постапката е во согласност со Уставот.
Регион
Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер
Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак во најмладата земја во Европа.
Новата влада на Курти беше потврдена со 66 гласови „за“ во парламентот со 120 места. Неговата партија „Ветевендосје“ (Самоопределување) освои 57 места на декемвриските избори, а тој успеа да добие поддршка од неколку мали партии на етничките малцинства.
Новата влада се соочува со итни задачи за одобрување на буџетот за 2026 година и обезбедување меѓународни заеми и пакети за помош во вредност од стотици милиони евра, пишува Ројтерс.
„Во следните четири години, ќе ги зајакнеме сојузите и ќе инвестираме една милијарда евра во одбрана“, им рече Курти на пратениците пред гласањето.
„Ќе ставиме во употреба фабрика за муниција, ќе ја развиеме воената индустрија на Косово и ќе произведуваме домашни борбени беспилотни летала.“
Земјата со 1,6 милиони луѓе одржа предвремени избори во декември 2025 година по неубедливите резултати во февруари.
Курти кратко беше премиер во 2020 година, сè додека не беше изгласан за разрешување од функцијата. Потоа беше премиер од 2021 до 2025 година, а изминатата година ја помина водејќи привремена влада.
Косовскиот парламент сега мора да избере и нов претседател до 5 март, процес што ќе се покаже како предизвикувачки бидејќи бара двотретинско мнозинство. Без таква поддршка, на Курти ќе му биде потребна поддршката од опозицијата или ќе се соочи со уште едни предвремени избори, објави Ројтерс.

