Македонија
„Доколку не се обезбеди мнозинство за уставните измени, да се распушти парламентот и да се распишат предвремени избори“, побараа Гаши, Касами и Меџити

Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити денеска на прес-конференција ги повикаа сите пратеници да гласаат итно и без одлагање за потребата од промена на Уставот и предложените амандмани.
„На овој начин сите докажуваме на која страна сме и која е нашата стратешка определба“, велат тие.
„Доколку краткорочно не се обезбеди потребното мнозинство за гласање во првата фаза од уставните измени, ќе биде јасно дека овој парламентарен состав нема капацитет да ги деблокира преговорите за интеграција во ЕУ. Ако ова се покаже како точно, не треба да губиме уште еден час. Во тој случај, односно доколку нема доволно мнозинство да се изгласа првата фаза од уставните измени, повикуваме да се гласа за распуштање на парламентот и да се распишат предвремени избори, да се бара друг парламентарен состав, кој ќе има капацитет и политички волја да ги туркаат интегративните процеси кон Европската Унија.
Ние сме тука да го поддржиме процесот и да водиме битка со сите оние што овој пат го опструираат или со задоцнување, како што тоа го прави власта, или со демант, како што тоа го прават некои опозициски партии“, изјавија тие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.