Контакт

Македонија

Денес седница за уставните измени – власта се надева на 80 пратеници, од ВМРО-ДПМНЕ децидни дека нема да гласаат

Објавено пред

Собранието денес почнува со работа со 123. седница, на која единствена точка на дневниот ред е предлогот за пристапување кон измена на Уставот.

dobivaj vesti na viber

Седницата треба да почне во 11 часот со утврдување на дневниот ред по што треба да почне претресот за потребата од носење на уставните измени за кои неопходно е двотретинско мнозинство.

Со предложените уставни измени, меѓу другите, треба да се внесат Бугарите во македонскиот Устав како дел од евроинтеграцискиот процес на земјата. Владејачките СДСМ и ДУИ сè уште го немаат потребното мнозинство од 80 пратеници за усвојување на измените и ги повикуваат пратениците да ги поддржат.

Ковачевски: 80 пратеници им се потребни на граѓаните

Пред седницата премиерот Димитар Ковачевски вчера порача дека 80 пратеници се потребни за граѓаните, а не за опстанок на Владата.

Според него, десетдневната дебата во Собранието беше можност за граѓаните да се уверат дека се работи за процес за остварување на стратешката цел – членството во ЕУ.

„Кога почна процесот, имаше коментари за правење хистерија дека Македонија ќе била бугаризирана, ќе има асимилација. Ништо не се случи. По една година, имаме чист јазик. Поголема меѓународна потврда за јазикот и идентитетот – нема. Потоа беше побарано гаранции од големите држави дека стојат зад нашиот идентитет. Германија донесе резолуција. И во САД има исто така поднесено резолуција за славењето на македонскиот јазик, култура и идентитет. Нема поголеми партнери“, додаде Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ: Уставни измени нема да има

Во ВМРО-ДПМНЕ и натаму се децидни дека нема да гласаат за уставните измени.

„Уставни измени нема да има, Ковачевски нема пратеници за промена на Уставот, нека се спрема за брзо заминување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски, ако имаше пратеници за уставните измени, ќе ги ставеше на гласање многу одамна. Ќе се види повторно дека промена на Уставот нема да има. Сè што прави Ковачевски е држење на државата во заложништво поради неговата желба ден повеќе да остане на власт. Додека Ковачевски и власта продаваат магла, нивните пајташи во државата прават криминал, договараат тендери и матни зделки, а народот се иселува“, велат од партијата.

Османи испрати писмо

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера испрати писмо до пратениците во македонското Собрание.

„В петок вие ќе одлучувате за европската иднина на Северна Македонија, определба за која работиме и работеа сите влади во изминатите 30 години. Од вас ќе зависи дали со прифаќање на промената на Уставот ќе ги продолжиме разговорите по поглавјата за членство во Унијата или ќе запреме во преговорите на подолг рок, до некоја нова шанса, без никаква гаранција за успех, поттикнувајќи го процесот на ‘пасошизација’ на граѓаните, кои бараат европска иднина за себе. Верувам и знам дека секој од вас сака да бидеме членка на Унијата составена од најдемократски и најбогати земји во светот која гарантира мир, демократски развој и економски просперитет“, им напиша Османи на пратениците.

Дали може гласањето да биде одложено?

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, неодамна рече дека гласањето за уставните измени може да биде и одложено ако не биде обезбедено неопходното двотретинско мнозинство. Тој рече дека претходно се случило во Собранието да нема услови за гласање и тоа било оставено за подоцна.

„Чинот на гласање не е врзан за последниот ден, така што, за да се има јасност по однос на постапките, тоа го предвидува и Деловникот, тоа го покажува и праксата претходно од слични иницијативи за уставни измени затоа што Собранието одлучува доколку има потребно мнозинство за одлучување. Така што до тие рамки не можам да претпоставам што ќе се случува и како ќе се случува. Во тој контекст формално Собранието ќе почне со работа на 18 август, а чинот на гласање дали ќе биде по завршување на расправата или ќе биде одложено, зависи од конкретната состојба на тековните денови“, рече Џафери.

Албанската опозицијата со уставните измени сака да протне и отстранување на формулацијата „20 проценти“

Првиот човек на Алтернативата, Африм Гаши, изјави дека неговата и партиите на Билал Касами и Изет Меџити бараат на седницата во парламентот за уставните измени со цел внесување на бугарската заедница да бидат ставени во дневниот ред и уставни измени за бришење на одредницата „20 проценти“, која ја ограничува, како што рече, употребата на албанскиот јазик како официјален во земјата.

„Тука сме за да испратиме наши нарачки до Џафери и пратениците. Бараме од претседателот на Собранието итно да го стави на дневен ред уставниот амандман за јазикот. Бараме од него да не бега од прашањето за рамноправност на албанскиот јазик и да не бега од прашањето за кривична одговорност на државните функционери. Нашето барање е делата на корумпираните функционери да не застаруваат, а на тој начин ќе се избегнат и манипулациите со обвинителствата и судовите“, изјави Гаши.

Претходно, лидерот на Беса, Билал Касами, најави дека ќе ја условува поддршката на уставните измени, односно нема да ја поддржат без промена на формулацијата „20 проценти“.

Ковачевски за барањето рече дека секој пратеник може да предложи сè, но треба да има на ум зошто се менува Уставот. Овој процес стратешки се прави за продолжување на патот кон ЕУ, рече премиерот.

Македонија

Општина Бутел започна изградба на 40 пешачки и пристапни патеки во Скопје Север

Објавено пред

Општина Бутел денеска (23 февруари 2026) започна активности за изградба на 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради во населбата Скопје Север.

dobivaj vesti na viber

Градежните работи опфаќаат реконструкција на пристапните влезови до станбените објекти на улиците „Боро Менков“, „Лазо Москов“, „Гоце Стојчевски“ и „Костурска“.

Од општината информираат дека новите пешачки патеки ќе го олеснат движењето на граѓаните и ќе придонесат за спречување на поплавување на влезовите на зградите.

Реализацијата на проектот, како што наведуваат, претставува исполнување на предизборните ветувања на градоначалникот за еднаков и рамномерен развој на сите населени места во општината.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ангелов на работен состанок во Министерството за правда за измени на Законот за здруженија и фондации

Објавено пред

На барање на директорот Стојанче Ангелов на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), денеска беше одржан работен состанок во Министерство за правда, посветен на најавените измени на Законот за здруженија и фондации, што директно ги засегаат доброволните противпожарни друштва во Македонија.

dobivaj vesti na viber

На состанокот беа разгледани можните правни импликации од предложените измени, со посебен акцент на правниот статус и функционирањето на доброволните противпожарни друштва (ДПД), нивната улога во системот за заштита и спасување и на потребата од усогласување на законската рамка со реалните теренски потреби и со европските практики.

Притоа, Ангелов, заедно со тим од ДЗС и од претставници на ДПД, ја истакна важноста од заштита, унапредување и институционално препознавање на доброволниот сектор, како клучен партнер во справувањето со кризи, пожари и природни непогоди. Соработката помеѓу институциите и доброволниот сектор е еден од темелите за ефикасен и функционален систем за заштита и спасување во Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

Објавено пред

Во неколку училишта во Скопје и во Тетово денеска биле примени дојави за поставени експлозивни направи, но по извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажни пријави.

dobivaj vesti na viber

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по добивањето на пријавите биле преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници.

„Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопштија од МВР.

Во Тетово дојавите ги опфатиле средните училишта СОУ „Никола Штејн“, СОУ Гимназија „7 Март“, СОУ Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ и СОУ „8 Септември“.

Кај основните училишта биле опфатени ООУ „Истикбал“, ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „Братство-Мигени“, ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Беса“ и ООУ „Прпарими“.

Надлежните институции продолжуваат со преземање мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија3 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија3 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија3 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија4 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион5 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет6 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија6 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа6 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет7 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет7 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет8 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет8 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа8 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет19 часа

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет21 час

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет1 ден

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет1 ден

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет1 ден

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет1 ден

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...