Свет
Обелоденети можните мотиви за убиствата на медицинската сестра во Германија
Причините на медицинската сестра Луси Летби за убиствата и обидите за убиства на доенчиња во британската болница каде што работела во 2015 и 2016 година можеби никогаш нема да бидат целосно објаснети. Но, обвинителството на поротниците им даде бројни можни мотиви за време на 10-месечното судење во Манчестер, кое штотуку заврши со пресуда за вина, пишува „Гардијан“
Летби уживала да „игра Бог“
Обвинителот Ник Џонсон сугерирал дека Летби уживала во „играњето на Бог“ со тоа што прво ги повредувала децата, а потоа ги предупредувала своите колеги за нивната влошена состојба.
Таа дала забелешки, кои обвинителите ги опишаа како „предвидувања на пропаст“, бидејќи состојбата на некои од нејзините жртви се влошила. По последното убиство во јуни 2016 година, таа им рекла на лекарите: „Тој нема да излезе жив одовде, нели? Момчето на мајката која родила тројка и имало само неколку дена починало набргу. Летби, која во тоа време била во средината на 20-тите години, а дала слични коментари и во две претходни убиства.
Обвинителот Џонсон им кажа на поротниците: „Таа знаела што ќе се случи. Имала контрола над работите“.
Била воодушевена од смртта на новороденчињата
Родителите и медицинските сестри во неколку наврати опишале како Летби се однесувала чудно кога состојбата на некое новороденче почнувала да се влошува. Кога детето познато како „дете 1“ починало по повеќекратните напади од Летби, родителите на девојчето ѝ рекле на полицијата дека се сеќаваат на медицинската сестра како „се насмевнувала и зборувала за тоа како била присутна на првото капење и колку и се допаднало тоа“.
Џонсон сугерира дека „Летби била трогната од тагата и очајот на кои сведочела во таа соба“. За време на сведочењето таа одговори: „Апсолутно не, не е така“.
Летби, исто така, ги побарала семејствата на нејзините жртви на Фејсбук. Таа често ги пребарувала повеќето од нив во растојание од неколку минути барајќи изрази на тага, велат обвинителите. Ги барала на годишнините од смртта на нивните деца, па дури и ги пребарувала на Божиќ. Медицинската сестра во своја одбрана рече дека ги разгледувала профилите на секакви луѓе, не само на родителите на децата во одделението.
Летби го сакала вниманието на анонимен лекар
Обвинителството тврдеше дека Летби имала тајна врска со оженет лекар, кој работел во болницата и не може да биде именуван од правни причини, иако медицинската сестра постојано го негираше тоа.
СМС пораките што му беа прикажани на судот открија дека парот редовно си испраќал пораки, разменувале емотикони со љубов со срце и се сретнале неколку пати надвор од работа – вклучително и на еднодневен пат во Лондон – дури и откако Летби била отстранета од работното место во јули 2016 година.
Природата на нивната врска се вели дека е значајна: тој бил еден од лекарите кои биле викани кога кај новороденчињата одеднаш одело на полошо. Таа им наштетувала, беше споменато на судењето, за да го придобие неговото лично внимание. Летби го негираше тоа.
Се грижела за најболните бебиња
Како медицинска сестра од групата 5, Летби била квалификувана да се грижи за најболните деца во болничкото одделение. Ова значело дека таа често сакала да биде во единицата за интензивна нега.
Сведочејќи на судењето, таа се согласи дека работата ја сметала за помалку стимулативна кога била доделена на доенчиња на кои не им била потребна толкава медицинска помош.
Обвинителите откриле рачно напишани лепливи белешки пронајдени во чантата на Летби по нејзиното апсење во јули 2018 година. „Јас сум злобна, јас го направив тоа“. Таа го напишала и ова: „Никогаш нема да имам деца или да се омажам. Никогаш нема да знам како е да се има семејство“.
Летби беше прогласена за виновна за убиство на седум бебиња. Таа ги убила бебињата со вбризгување воздух, насилно хранење со млеко и труење со инсулин помеѓу јуни 2015 и јуни 2016 година, кога работела во болница во Честер, јави „Би-Би-Си“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Франција ги повикува младите на десетмесечна доброволна воена служба
Франција почна кампања за нова десетмесечна доброволна национална воена служба, а првите учесници ќе почнат со обука во септември годинава. Програмата, која во ноември ја претстави претседателот Емануел Макрон, е отворена за сите млади француски државјани, пишува „Ројтерс“.
Службата е наменета за лица на возраст од 18 до 25 години кои сакаат да придонесат за способноста на нацијата да се спротивстави во небезбедна средина, изјави на прес-конференција началникот на Генералштабот на вооружените сили, генералот Фабиен Мандон. Овој потег е дел од поширок тренд во Европа, каде што земјите ги преиспитуваат своите одбранбени стратегии поради загриженоста околу променливите приоритети на Соединетите Американски Држави под претседателот Доналд Трамп, како и поради, како што се оценува, поагресивниот став на Русија.
Од септември, 3.000 млади лица ќе се приклучат на армијата, морнарицата или воздухопловството за извршување мисии на француска територија. Планирано е бројот да се зголеми на 4.000 во 2027 година, а потоа да достигне 10.000 учесници годишно до 2030 година.
Учесниците ќе добиваат надомест од околу 800 евра месечно, а нивните задачи ќе опфаќаат широк спектар активности – од помош при природни катастрофи и антитерористички надзор, до работни позиции како оператори на дронови, пекари, механичари, електричари и медицински персонал.
По завршувањето на програмата, учесниците ќе можат да се вратат во цивилниот живот, да станат резервисти или да останат во вооружените сили. Министерката за одбрана Катрин Вотрен изјави дека ова го одразува „долгорочниот развој на војската кон хибриден модел“.
Се очекува програмата во 2026 година да чини 150 милиони евра, а вкупните трошоци за периодот од 2026 до 2030 година се проценуваат на 2,3 милијарди евра.
Фото: pexels
Свет
Фон дер Лајен остро го критикуваше „Икс“ на Маск поради АИ-содржини со голи жени
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, остро ја критикуваше платформата „Икс“ на милијардерот Илон Маск поради ширење сексуално експлицитни deepfake содржини создадени со помош на АИ-чатботот Grok, пишува Политико.
„Згрозена сум што технолошка платформа им овозможува на корисниците дигитално да ги ‘соблекуваат’ жените и децата на интернет. Тоа е незамисливо однесување. А штетата предизвикана од овие deepfake содржини е многу реална“, изјави фон дер Лајен во интервју за повеќе европски медиуми, меѓу кои Ројтерс и Кориере дела сера.
„Нема да ја препуштиме заштитата на децата и прашањето на согласност на Силиконската долина. Ако тие не постапат, ние ќе постапиме“, предупреди таа. Од почетокот на јануари, илјадници жени и тинејџерки, меѓу кои и јавни личности, пријавиле дека нивни фотографии на социјалните мрежи биле „соблечени“ и претворени во фотографии во бикини од страна на Grok, по барање на корисници.
Алатката за креирање deepfake содржини поттикна истраги од регулаторите ширум Европа, вклучувајќи ги Брисел, Даблин, Париз и Лондон. Европската комисија минатиот четврток ѝ наложи на платформата X да ги зачува „сите внатрешни документи и податоци поврзани со Grok“, што претставува ескалација на постојната истрага за политиките за модерирање содржини на X.
Комисијата ги оцени сексуално експлицитните deepfake содржини создадени без согласност како „незаконски“, „ужасни“ и „одвратни“.
Како одговор, X ја ограничи контроверзната функција за генерирање АИ-слики само на корисници со платена претплата. Портпаролот на Европската комисија, Томас Рењер, изјави дека ограничувањето на алатката на претплатници не значи крај на истрагата на ЕУ.
Скандалот се појави како нов тест за решителноста на ЕУ да го ограничи влијанието на Маск и американските технолошки гиганти. Само еден месец претходно, Брисел ја казни платформата X со 120 милиони евра поради кршење на клучниот закон на Унијата за онлајн платформи – Актот за дигитални услуги (DSA).
Казната предизвика брза и силна реакција од Вашингтон, при што американската администрација воведе забрана за патување за поранешниот европски комесар за дигитална технологија и главен архитект на DSA, Тјери Бретон. Од платформата X не одговориле веднаш на барањето за коментар за критиките на Урсула фон дер Лајен.
Фото: Depositphotos
Свет
Трамп објави фотографија на која пишува дека е претседател на Венецуела
Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија на својот профил на социјалната мрежа Truth Social, тврдејќи дека е 45-ти и 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави, како и вршител на должноста претседател на Венецуела од јануари 2026 година.

Соединетите Американски Држави започнаа воена операција во Венецуела на 3 јануари, при што ги заробија претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес за да им се суди пред суд во Њујорк по обвиненија за дрога и оружје.
Трамп изјави дека неговата администрација ќе управува со Венецуела и нејзините нафтени ресурси за време на преодниот период. Откако Мадуро беше уапсен, неговата потпретседателка Делси Родригез положи заклетва како привремена претседателка.
Трамп претходно предупреди дека Родригез би можела да „плати многу висока цена“ ако не соработува со Соединетите Американски Држави.

