Економија
Како поврзаноста во Samsung-екосистемот ви го олеснува и поедноставува животот?
Денес на пазарот на мобилни телефони, Samsung нуди исклучително развиен екосистем кај своите производи, кој ви носи бројни предности. Заедно со паметниот телефон, кој денес е незаменлив придружник секому, Samsung нуди и палета други уреди кои меѓусебе поврзани сочинуваат хармоничен екосистем.
Неодамна беше лансирана најновата линија уреди на Galaxy чии што перформанси, иновации и неодолив дизајн веднаш ги освоија срцата на вљубениците во модерните технологии: Новите телефони на преклоп од серијата Galaxy Z ги надминаа очекувањата претставувајќи ги своите Galaxy Z Flip5 со досега најголем надворешен екран на флип телефон, и Galaxy Z Fold5 најлесниот и најкомпактниот Galaxy фолд досега; новите паметни часовници Galaxy Watch6 и Galaxy Watch6 Classic овојпат доаѓаат со уште понапредни функции во поглед на вашата физичка благосостојба и здравје; новата серија Galaxy Tab S9 која поставува нови стандарди за врвни таблети со своите Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+ и Galaxy Tab S9 Ultra. И сите овие уреди, заедно со веќе познатите слушалки Galaxy Buds2 Pro, можат да функционираат поврзани во еден екосистем, кој значително ќе ви го олесни секојдневниот живот во поглед на обврските, а ќе ви ја зголеми и забавата.
Уредите поврзани како еден
Замислете ситуација во која додека скролате на социјалните мрежи со вашиот Galaxy Z Flip5 или Galaxy Z Fold5 , налетувате на омиленото видео на YouTube или трејлер за филмот кој нетрпеливо го очекувате. Секако дека сакате да го изгледате на поголем екран и го земате вашиот таблет, а бидејќи вашиот телефон е поврзан со таблетот, потребно е само да го вклучите, да ја одберете неодамна користената апликација YouTube и за да започнете со гледањето. Видеото кое штотуку започна на вашиот паметен телефон, ќе продолжи веднаш да се репродуцира на 14,6-инчниот AMOLED екран со висока резолуција, прикажувајќи ви чисти и јасни детали со широк спектар живописни бои благодарение на сликите подобрени со HDR10+ и непреченото лизгање до 120 Hz на вашиот Galaxy Tab S9 Ultra. Истото важи и во спротивната насока – ако започнете да гледате видео, серија или филм на вашиот таблет, исто току лесно можете да се префрлите со гледање на вашиот Samsung Galaxy телефон. Континуитетот на апликациите работи помеѓу уредите во Galaxy екосистемоти и со други важни апликации. Започнете сесија за купување преку интернет на вашиот веб пребарувач на еден уред, а завршете ја непречено и брзо на друг. Исто така, белешките или идеите што ги запишувате со S Pen пенкалото на вашиот Galaxy Z Fold5, можете уште полесно да продолжите да ги впишувате на екранот на поврзаниот таблет од серијата Galaxy Tab S9.

Автоматско префрлување
Уживајте во мултимедијата на телефоните Galaxy Z Flip5, Galaxy Z Fold5 или таблетот Galaxy Tab S9 на уште повисоко ниво со безжичните слушалки Galaxy Buds2 Pro, кои нудат одличен 24 битен Hi-Fi звук, ANC со 3 микрофони со висок SNR за поинтензивно сузбивање на надворешниот шум, со аудио 360 кое ве опкружува како да сте таму. Лесно ќе ги спарите слушалките со вашиот телефон и таблет, со тоа што тие автоматски се појавуваат на вашите уреди, а за поврзување потребен е само еден допир. Ако со слушалките гледате Netflix или било која друга содржина, и добиете дојдовен повик, Galaxy Bud2 Pro веднаш ќе се префрлат на вашиот телефон, а видеото автоматски ќе се паузира. Откако ќе завршите со телефонскиот разговор, слушалките сами се поврзуваат со таблетот и продолжувате со гледање онаму каде што застанавте. Исто така, можете и да пренесувате огромни датотеки од вашиот телефон во вашиот таблет за еден миг со Quick Share.

Следете го здравјето на часовникот, гледајте ја „поголемата слика“ на телефонот
Новите паметни часовници Galaxy Watch6 и Galaxy Watch6 Classic се феноменални да бидат верен показател на важни параметри за вашето здравје, да го следат и анализираат вашиот сон низ фазите на спиење, да бидат ваш тренер при физичките активности, да предлагаат совети како да си ги остварите зададените цели за постигнување благосостојба, да ја одредат вашата персонализирана зона на срцебиење според вашиот физички капацитет и др. Кога поврзан со вашиот телефон преку апликацијата Samsung Health, часовникот сите податоци ќе ги префрли на телефонот каде попрегледно ќе можете да имате увид во напредокот и полесно да ги планирате следните чекори.
Со часовникот исто така можете од далечина и да фотографирате – само поврзете го со вашиот Galaxy Z Fold5 и од вашиот зглоб ќе можете да зголемувате или намалувате и со еден допир на часовникот да сликате. И секако, од вашиот зглоб да праќате пораки, да примате и остварувате повици – исто како да го правите тоа од телефонот со кој вашиот часовник е поврзан.
Моќта на поврзаноста на Samsung екосистемот е создадена да ви го олесни животот во многу сегменти, да ви го поедностави секојдневието, а кога станува збор за забава – да ви овозможи врвно искуство на своите уреди.
Достапност на новите Galaxy уреди:
Неодамна лансираната најнова линија на Galaxy уреди која ги вклучува новите телефони на преклоп Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5, часовниците Galaxy Watch6 и Galaxy Watch6 Classic, и таблетите Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+ и Galaxy Tab S9 Ultra, е достапна во Македонија од 11 август 2023.

Повеќе информации за производите од Samsung екосистемот прочитајте на следниве линкови:
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold5/
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/
https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-classic-43mm-silver-bt-sm-r950nzsaeuc/
https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-40mm-gold-bt-sm-r930nzeaeuc/
https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-wi-fi-graphite-128gb-sm-x710nzaaeuc/
https://www.samsung.com/mk/audio-sound/galaxy-buds/galaxy-buds2-pro-bora-purple-sm-r510nlvaeuc/
ПР Текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Народната банка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (SECO) потпишаа меморандум за соработка и јакнење на институционалните капацитети
Народната банка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија – СЕKО (SECO) потпишаа Меморандум со кој се воспоставува рамка за соработка во периодот 2025 ‒ 2028 година. Меморандумот го потпишаа гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и амбасадорот на Швајцарија во земјава, Кристоф Зомер.
Соработката опфаќа обезбедување техничка помош и размена на знаење заради унапредување на истражувачката активност, модернизација на алатките неопходни за водење монетарна политика, зајакнување на стабилноста на финансискиот сектор, како и за понатамошно јакнење на институционалните капацитети на Народната банка.
„Воспоставената соработка претставува значаен поттик за натамошно зајакнување на капацитетите на Народната банка во повеќе важни области на работењето и потврда на долгогодишното партнерство меѓу нашата земја и Швајцарија“, истакна гувернерот Славески нагласувајќи ја улогата на централната банка во обезбедувањето макроекономска стабилност и поддршката на одржливиот економски развој.
„Швајцарија е посветен партнер за развој на Северна Македонија повеќе од 30 години. Преку овој меморандум за соработка, ја потврдуваме нашата поддршка за економските институции и реформите во земјата, како и за силна, независна и кредибилна централна банка којашто ги применува меѓународните и европските стандарди. Швајцарија го почитува ова партнерство и е посветена на унапредување на макроекономската стабилност и на одржливиот економски развој“, истакна амбасадорот Зомер.
Во рамките на Програмата, активностите се насочени кон унапредување на спроведувањето на монетарната политика, промовирање стабилен и сеопфатен финансиски сектор, зајакнување на отпорноста, одржливоста и ефикасноста во работењето. Поддршката опфаќа анализа и спроведување на монетарната политика, макроекономски податоци и статистика, истражувања, финансиска стабилност и вклученост, развивање нови дигитални решенија за модернизација на платежната инфраструктура преку подобрување на пристапот до платежните услуги, еколошката одржливост, управувањето со ризиците, како и управувањето со човечките ресурси и меѓународната соработка.
Соработката се остварува во рамките на Програмата за билатерална помош и градење капацитети за централните банки (Bilateral Assistance and Capacity Development for Central Banks – BCC), финансирана од СЕКО и спроведена од Женевскиот институт за меѓународни и развојни студии. Програмата има за цел да ги зајакне капацитетите на централните банки во земјите во развој преку унапредување на нивната аналитичка и техничка експертиза за водење ефикасна монетарна политика и одржување стабилен финансиски систем. Со потпишувањето на Меморандумот, Народната банка ќе биде дел од оваа мрежа на институции коишто преку оваа програма инвестираат во знаење и напредок.
Економија
Божиновска пред Енергетската заедница: Македонија ја забрзува интеграцијата во европскиот енергетски пазар
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на состанок на Енергетската заедница, каде што ја презентираше реалната и мерлива динамика на напредокот на Северна Македонија во усогласувањето со европското енергетско и климатско законодавство и во јакнењето на регионалната енергетска интеграција.
Во своето обраќање, министерката истакна дека изминатата година била обележана со предизвици, но и со конкретни институционални резултати, пред сè во делот на законодавните реформи и стратешките инфраструктурни чекори.
Како клучна пресвртница, Божиновска го нагласи усвојувањето на новиот Закон за енергетика, со кој во голема мера е транспониран Пакетот за интеграција на електричната енергија. Според неа, Законот создава јасна правна основа за активна интеграција на националниот електроенергетски и гасен систем во регионалниот и во внатрешниот пазар на Европската Унија и претставува најзначајниот чекор кон идното спојување на македонскиот пазар со европскиот пазар на електрична енергија.
„Со овој закон се редефинираат улогите, обврските и одговорностите на институциите, операторите на преносните системи и пазарните оператори – не само во имплементацијата, туку и во активното учество во креирањето на заедничките правила за регионалните енергетски пазари“, беше истакнато во обраќањето.
Дополнително, министерката информираше дека во 2025 година е усвоен и Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност, со кој се отстрануваат регулаторните и нерегулаторните бариери за реализација на проекти за енергетска ефикасност, се зајакнува соработката меѓу сите чинители, се поттикнува користењето обновливи извори на енергија кај крајните корисници и се овозможува поефикасно користење на финансиски механизми и стимулации.
Во делот на стратешкото планирање, Божиновска информираше дека Ревидираниот Национален енергетски и климатски план (НЕКП) за периодот 2025–2030 се наоѓа во финална фаза пред усвојување. Јавната консултација со сите релевантни засегнати страни, вклучително и со Енергетската заедница, е завршена, а усвојувањето се очекува во најкраток можен рок.
Посебно беше истакнат и пристапот на МЕПСО кон Заедничката канцеларија за алокација (JAO) – заедничката европска платформа за аукција на прекугранични преносни капацитети, што, како што кажа Божиновска, претставува стратешки исчекор за националниот електроенергетски систем и практична интеграција во најголемата и најтранспарентна европска платформа од овој тип.
Во таа насока, министерката најави дека МЕПСО има намера да номинира еден преносен инфраструктурен проект во рамки на процесот за избор на Проекти од интерес на Енергетската заедница / Проекти од заемен интерес (PECI/PMI) во циклусот за 2026 година, како дел од заложбите за јакнење на регионалната поврзаност и усогласување со европските плански рамки.
На крајот, Божиновска подвлече дека државата паралелно работи на критични инвестиции во регионалните електроенергетски и гасни интерконекции, со цел зголемување на енергетската безбедност, вклучително и проектот за гасен интерконектор со Грција и продолжување на разговорите со Србија.
Економија
Николоски: Се работи на нов просторен план на Македонија, стратешки документ за развој на државата
Изработката на новиот просторен план на Македонија треба да ги даде насоките за просторниот развој на државата со што ќе се овозможат бенефити за целокупното општество. Планот кој го изработува Агенцијата за просторно планирање, а во соработка со надлежни институции треба да понуди нов инфраструктурен концепт за развојот на Македонија, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на настанот по повод 20 години постоење на Агенцијата за просторно планирање.
Како што потенцира тој, Агенцијата има централна улога во обликување на идниот развој на државата.
„Би сакал да ја потенцирам важноста на новиот просторен план од следните причини: Македонија како природна крстосница меѓу Југоисточна и Централна Европа, има геостратешка важност која произлегува од положбата на коридорите Исток–Запад и Север–Југ, односноа Коридорите 8, 10 и 10 – д. Понатаму близината на јужните пристаништа и улогата како транзитна земја за транспорт, енергија и трговијата. Гледаме во овие глобални предизвици колку е важно Македонија енергетски да се поврзува и во таа насока изградбата на интерконекторот кој не поврзува со Грција како и планираниот интерконектор со Србија, ќе значи дека Македонија ќе стане и енергетска раскрсница. А во меѓувреме интензивно се работи и на далноводно поврзување и со Албанија преку далноводот Охрид-Елбасан. Тука се автопатите, железничките поврзувања, логистичките центри, мултимодуларните јазли особено јазолот со вкрстувањето на коридор 10 со коридор 8, подобрување на меѓуграничната поврзанот и др. И затоа сметам дека треба да постои добра соработка со сите институции на изработка на тој документ кој ќе се почитува и со кој ќе се следи развојот на државата”, кажа Николоски.
Тој го потенцира институционалното партнерство со Министерството за транспорт во спроведување на стратешките политики на Владата, а најави дека министерството работи на изработка на софтвер за развој и управување со геопросторни податоци. Вицепремиерот упати честитки за јубилејот на Агенцијата.

