Свет
Русија може да ги анектира отцепените територии на Грузија, вели поранешниот претседател Медведев

Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, рече дека Москва може да ги анектира грузиските отцепени региони Јужна Осетија и Абхазија.
„Идејата за приклучување кон Русија сè уште е популарна во Абхазија и Јужна Осетија“, напиша Медведев, поранешен руски претседател, во написот објавен рано во средата во весникот „Аргументи и факти“.
„Тоа е можно да се спроведе доколку има добри причини за тоа“, рече Медведев.
Грузија ја загуби контролата над регионите по распадот на Советскиот Сојуз. Москва ја призна нивната независност во 2008 година по обидот на Грузија да ја врати контролата врз Јужна Осетија со сила, што доведе до руски контранапад.
„Нема да чекаме ако нашата загриженост стане поблиска до реалноста“, рече Медведев во написот што ја одбележа 15-годишнината од признавањето на независноста, мислејќи на можна анексија.
Русија анектира четири провинции на Украина во септември минатата година – Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје, но ниту една од анексиите не е меѓународно признаена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.