Забава
Член на обезбедување на концерт на Тејлор Свифт стана вирален и доби отказ поради тоа
Вработен во обезбедувањето на концертот на Тејлор Свифт во Минеаполис тврди дека добил отказ откога ги замолил фановите да го фотографираат пред бината.
Келвин Денкер стана вирален кога некој од публиката го снимил како ужива додека работи на настапот на Тејлор претходно оваа година.
Денкер, кој работел за безбедносната фирма Best Crowd Management, бил фотографиран како пее заедно со ѕвездата на хитот Cruel Summer. Но, откога стана популарен на интернет, доби отказ – не затоа што пеел за време на концертот, туку затоа што ја замолил публиката да го фотографира.
Тој ова го објасни во своето видео на „Тик-ток“.
„По првата вечер, сфатив колку ми е блиску Тејлор Свифт. На лист хартија напишав: не смеам да носам телефон, но ако Тејлор Свифт е веднаш зад мене – ве молам, фотографирајте ме и испратете ми порака на мојот број“, вели тој во видеото.
„Ги поделив парчињата хартија на неколку луѓе во првиот ред и тие беа многу љубезни и многу фини. Но, добив отказ поради тоа“, додава тој.
Интересно е што жената што го објавила виралното видео не била меѓу оние на кои Декер им ја дал пораката.
Декер бил отпуштен од „Бест крауд менаџмент“ поради нивната политика, што забранува персоналот да се фотографира со изведувачи. На компанијата наводно не ѝ се допаднало тој да ѝ дели листови хартија на публиката.
„Ми се јавија од одделот за човечки ресурси, не можеа јасно да дефинираат што згрешив бидејќи не направив ништо, освен да побарам фотографии, што се случува на секој друг концерт, со единствен исклучок што се погрижив да ги добијам на мојот мобилен телефон“.
„Сите мои фотографии од таа вечер беа зад барикадата, како и секоја друга фотографија од публиката. Не го извадив телефонот. И покрај сè, се погрижив Тејлор Свифт да биде безбедна и сите фанови да се забавуваат. Додека бев на тој концерт, си ја вршев својата работа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Тажни се“: родителите на Бред Пит се загрижени дека никогаш повеќе нема да ги видат своите внуци
Родителите на Бред Пит, Вилијам и Џејн, наводно се многу тажни бидејќи осум години немаат никаков контакт со внуците. Тие некогаш беа важен дел од нивниот живот, но поради долготрајната правна битка помеѓу Бред и Анџелина Џоли, нивната врска со внуците е целосно прекината.
Бред и Анџелина имаат шест деца, Шајло (18), близнаците Нокс и Вивиен (16) и три посвоени деца, Медокс (23), Пакс (20) и Захара (19). По нивниот развод, децата повеќе не се во контакт со татко им.
Сега извори откриваат дека Вилијам и Џејн се загрижени оти можеби никогаш повеќе нема да поминат време со своите внуци.
„Родителите на Бред Пит не ги виделе своите сакани внуци околу осум години поради разводот и правната битка меѓу Бред и Анџелина“, изјавил извор за „Дејли мејл“.
Пред да се распадне нивниот брак, Вилијам и Џејн беа голем дел од животот на своите внуци и често беа видени како уживаат во времето заедно.
„Пред разводот поминуваа многу време заедно. Тажно е што веќе не е така. Не само што е тажно што децата не го гледаат својот татко, туку уште потешко е што бабата и дедото немаат контакт со внуците“, тврди извор близок до семејството Пит.
Вилијам (83) и Џејн (84) последен пат беа видени со своите внуци во 2014 година на премиерата на филмот на Анџелина, Unbroken. Во тоа време родителите на актерот зборуваа гордо за Анџелина, а Џејн изјави: „Ние многу се гордееме со Енџи. Ова значи многу за нашето семејство, особено за нашите внуци. Ја сакаме до бескрај“.
Забава
(Видео) Анџелина Џоли објасни зошто нејзините деца водат многу приватен живот
Холивудската актерка Анџелина Џоли (49) гостуваше во популарната емисија „Добро утро, Америко“. Таму таа откри зошто нејзините деца, кои ги посвоила и ги родила за време на врската и бракот со Бред Пит, живеат далеку од очите на јавноста.
„Ниедно од моите деца не сака да биде пред камера во моментот. Тие се прилично повлечени. Не се родени со приватност, нели? Се надевам дека ќе може да ја имаат кога ќе пораснат“, рекла актерката.
Забава
„Се чувствуваше искористено“: поранешната сопруга на Бен Афлек ја ограничи комуникацијата со Џеј Ло
Џенифер Лопез и Бен Афлек неодамна се разведоа по две години брак, а во тешките моменти актерот имаше голема поддршка од својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер. Пред самиот развод Гарнер наводно ја презела улогата на некој вид брачен советник помагајќи му не само на Афлек туку и на Лопез да ги надминат своите проблеми.
Сепак, Гарнер одлучи да ја ограничи комуникацијата со Џенифер Лопез исклучиво на ситуации поврзани со нивните деца. Блиски извори тврдат дека за време на процесот на развод се чувствувала искористено и како да е посредник во туѓ брак, што емоционално ја исцрпувало.
Затоа решила да се дистанцира од Лопез и да се фокусира на семејството, пишува „Дејли мејл“.
„Џенифер повеќе не сака да комуницира со Џеј Ло, освен ако не се вклучени децата. Пријателите сметаат дека таа си дозволила премногу да се вклучи во обидот да го спаси нивниот брак, особено затоа што понекогаш се чувствувала како да се натпреварува со Џеј Ло. Гарнер искрено сакаше да помогне, но сега сака да ја ограничи таа улога“, открил извор за „Дејли мејл“.
И покрај дистанцата, Гарнер не кажа ништо негативно за Лопез. Изворите велат дека ако Лопез сака да поминува време со децата на Афлек и Гарнер, со кои е блиска, мора да се справи со Гарнер.