Македонија
Герасимовски во „Соседска патрола“ со наставници, родители и претставници на МВР кај младите во Градскиот парк
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, синоќа, заедно со родители, наставници и претставници на Министерството за внатрешни работи и СВР Скопје беше во „Соседска патрола“ кај младите во Градскиот парк. Патролата е дел од кампањата на МВР и таа е насочена кон децата, нивната безбедност и среќа, велат од Општина Центар.
На средбата Герасимовски потенцира дека желбите на сите родители се исти, а тоа се среќни, безбедни и безгрижни затоа, посочи тој, дека како родител и функционер има поголема обврска да вложи максимални и лични напори во соработка со институциите тоа да биде исполнето.
„Верувам дека настанот што се случи во Белград сите нè стаписа и нè исплаши, затоа приоритет треба да ни бидат превенцијата и следењето на промените во развојот на нашите деца. Мислам дека од сите можни сфери и од сите можни аспекти треба да преземаме мерки за однесувањето, размислувањето и постапувањето на нашите деца во училиштето, надвор со другарите и другарките. Семејството е основното јадро што треба да го трасира вистинскиот пат по кој треба да се движат нашите деца. Вториот елемент е образовната институција, а можам да ве уверам дека нашите основни училишта интензивно работат на програми, обуки и работилници во кои активно ќе бидеме вклучени сите за ним да им обезбедиме весело детство, а нам спокојни денови“, истакна Герасимовски.

Притоа Герасимовски, потсетувајќи на пролетните тепачки во општината, упати апел до децата да внимаваат да однесувањето, да ги вреднуваат позитивните дружби и да не учествуваат, ниту да практикуваат девијантно и хулиганско однесување. На угостителите Герасимовски им порача да ги почитуваат законските норми и на малолетниците да ги послужуваат само со сок, а на родителите да не замижуваат при евентуални проблеми затоа што тие може да се решат доколку се реагира навреме ,во спротивно може да станат трагедија, соопшти Општина Центар.
„Блискоста, отворениот разговор преку укажување на грешките, како и квалитетните семејни односи, градат успешни и здрави генерации“, порача Герасимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Македонија
Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )
– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)
– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )
– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).
Македонија
Намалена видливост поради магла на патот Неготино-Демир Капија
Намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино-Демир Капија, соопшти АМСМ.
За време на рехабилитација на државниот пат А2,секција од клучка Волково во должина од 250м во правец кон клучка Кондово поставена е сигнализација каде за сообраќај е затворена левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење(средна) и лентата за принудно запирање(десна лента).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Фото: депозитфотос

