Забава
Маргот Роби: Некои фанови мислеа дека „Барби“ е хорор-филм

Маргот Роби откри дека некои фанови мислеле дека „Барби“ е хорор-филм.
33-годишната актерка глуми стереотипна Барби во блокбастерот на режисерката Грета Гервиг. Таа, всушност, ја оживеа култната кукла на американскиот производител на играчки „Мател“.
А неодамна сподели чудна теорија, што ја слушнала во врска со филмот.
Во видеоинтервју за „Ел“, Маргот рече: „Најчудната теорија на фановите што сум ја слушнала за филмот е дека, всушност, е хорор-филм. И ова сигурно ќе ги изненади сите. „Ох, ќе одиш да го гледаш Барби? Страшен е и има сцени со крв!“, ми рече некој, а јас му одговорив: не е, те молам не ја шири таа шпекулација. Не сакам љубителите на хорор да бидат разочарани.
Маргот се надева дека луѓето ќе формираат мислење за Барби – дури и ако не им се допаѓа филмот.
Во разговор со „Ентертејнмент тунајт“, Маргот објасни: „Толку сум возбудена. Сега сме во фаза кога го споделуваме со светот. Секогаш постои нешто кога снимате филм, го сакате и се надевате дека на луѓето ќе им се допадне. Па дури и ако не им се допаѓа, се надевам дека ќе формираат мислење“.
Во меѓувреме, Маргот неодамна откри дека многу ретко си играла со барбики како мала.
Русокосата убавица, која порасна во Квинсленд, Австралија, призна дека не била голем љубител на кукли.
„Јас лично немав барбики на кои можам да се сетам“, изјави таа за „Пипл“. „Сестра ми имаше и се сеќавам дека мојата братучетка имаше многу. Понекогаш си играв со нив, но всушност не бев по барбиките како дете“.
На прашањето каква била како дете, Маргот одговори: „Бев девојче, кое се тркала во кал“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Најзгодната жена на светот повторно предизвика бурни реакции на интернет со серија фотографии во бикини

Познатата манекенка Рози Хантингтон-Вајтли редовно ја воодушевува јавноста. Повеќе не е новост колку луѓето се маѓепсани од нејзиниот изглед и убавина.
Откако направи големо враќање на модната писта по десет години, Роузи продолжува да се појавува во бројни кампањи.
Овој пат таа рекламираше костими за капење за претстојното лето.
Рози позираше во минијатурни бикини, но она што привлече поголемо внимание е дефинитивно нејзиното тело.
Позитивните коментари на сметка на нејзиниот изглед се нижеа.
Таа веќе неколку пати го покажа своето извајано тело, а не ѝ се непознати провокативните изданија.
Забава
Ќе ги вртите околу малиот прст: мажите родени во овие 3 знаци слепо им веруваат на жените

Довербата е основата на секоја врска, но некои мажи толку многу им веруваат на жените што ги сакаат што често ги игнорираат црвените знамиња.
Нивното срце води пред разумот, а нивното верување дека односите се градат на искреност ги прави исклучително посветени.
Според астрологијата, одредени хороскопски знаци се особено склони кон безрезервна доверба, дури и кога постои ризик да бидат повредени.
Оваа отвореност не е слабост, туку одраз на нивната емоционална длабочина и верба во добри намери. Така, ѕвездите покажуваат дека мажите родени под овие три хороскопски знаци слепо им веруваат на жените.
Риби
Мажите родени во знакот Риби се исклучително романтични, емотивно отворени и имаат тенденција да ги идеализираат своите партнерки. Кога сакаат, веруваат силно и доследно, често ставајќи ги туѓите чувства пред нивните.
Нивната верба во љубов и доверба произлегува од желбата за вистинска врска, но тоа може да ги направи ранливи. Дури и кога животот ги учи на претпазливост, тие често повторно се надеваат на најдоброто. Нивната потреба за блискост ги надминува сомнежите, па затоа се подготвени да веруваат дури и кога другите се откажуваат.
Рак
Мажите родени во знакот Рак се стремат кон длабока емотивна врска и природно се отвораат кога се чувствуваат безбедно и сакано. Нивната доверба не е површна – таа доаѓа од верувањето дека блискоста е невозможна без целосна искреност и взаемна посветеност.
Кога ќе се заљубат, на партнерот гледаат како на некој кому можат да му се доверат – од нивните најдлабоки мисли до нивните најголеми стравови. Иако знаат да бидат интуитивни, тие често ја игнорираат својата интуиција ако срцето им кажува да и веруваат. Нивната лојалност и емоционалната искреност ги прават партнери кои речиси никогаш не се сомневаат без причина.
Вага
Мажите родени во знакот Вага веруваат во рамнотежа, искреност и заедништво и сакаат мир, стабилност и доверба во односите. Нивната желба за хармонија често ги наведува целосно да му веруваат на партнерот бидејќи веруваат дека без неа врската не може да функционира.
Тие често повеќе гледаат на суштината на една личност отколку на нивните постапки, така што можат да останат лојални предолго дури и кога треба да поставуваат граници.
Во љубовта, тие се разбрани и подготвени да дадат повеќе шанси отколку што би давале другите. Нивната доверба се заснова на потреба за хармонија, а не наивност – но сепак може да ги доведе до разочарување.
Забава
Зошто Морган Фримен секогаш носи златни обетки: зад сè се крие мрачна причина

Познатиот актер Морган Фримен (87) ја откри вистинската причина поради која секогаш ги носи своите препознатливи златни обетки, а неговото објаснување е помрачно отколку што мислите.
Фримен, кој е познат по својот заштитен знак, ги носи овие обетки откога се прослави во филмот Street Smart во 1987 година кога имал 49 години. Сепак, обетките не се само моден додаток, туку служат како осигурување во случај на неговата смрт, пренесува „Дејли мејл“.
„Овие обетки, постојано ме прашуваат за нив. Вистината е дека вредат колку еден ковчег во случај да умрам во туѓа земја. Затоа морнарите ги носеа и затоа и јас ги носам“, рекол еднаш на „Инстаграм“.
Во интервју за „Фокс њуз“ во 2016 година Морган објасни дека инспирацијата за овој обичај ја нашол во филмот The Crimson Pirate, во кој Бурт Ланкастер глумеше пират на Карибите.