Македонија
(Видео) Јаневска: Учениците и оваа година ќе ја почнат без учебници поради власта на СДС и ДУИ
„Како што беше очекувано, и покрај лажните ветувања на Власта, новата учебна година повторно ќе почне без учебници, иако Законот за основно образование вели дека учениците на 1 Септември треба да имаат бесплатни учебници. Спротивно на тоа, одредени учебници ќе нема, а за нив ќе има материјали за учење во електронска форма односно во ПДФ формат. Тоа значи дека учениците пак ќе бидат дискриминирани како што заклучи Комисијата за антидискриминација и дека одреден број ученици повторно ќе учат од скрипти односно фотокопии“, изјави Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
„Вториот скандал приреден од власта на ДУИ и СДСМ на само 7 дена пред почетокот на учебната година е решение за донесување насоки за планирање, организација и реализација на наставата од прво до шесто одделение во основното образование во учебната 2023/2024 година.
Почитувани, станува збор за документ објавен на веб-страницата на БРО, непотпишан, кој објаснува како треба да се одвива наставата според новата програма за унапредување на образованието во Македонија, која Министерот тајно ја потпиша, без да ја информира јавноста. ВМРО-ДПМНЕ двапати реагира и укажа на неквалитетот на оваа програма, но дури денес, кога треба да се имплементира, во јавноста станува јасно за што станува збор.
Станува збор за комплетна импровизација во наставата во основното образование. Имено, откога измислија интегрирани предмети, природни и општествени, сега кога видоа дека концепцијата е неспроведлива, што ние 3 години го тврдиме, воведуваат модули. Во историја и општество има модули историја, географија и граѓанско образование. Историја во шесто одделение ќе се предава во прво полугодие со 62 часа. Географија на почеток на второ полугодие до мај со 36, а граѓанско образование на крај со 10 часа.
Така, наставникот по историја во второ полугодие нема да предава историја, туку изборни предмети според потребите на децата, на пример, за етика на религиите, заштита на животната средина, фотографија, готвење, родова еднаквост, финансиска писменост и слично или ќе работи тоа што ќе му одреди директорот, можеби да води архива, да контролира хигиеничари или слично“, рече Јаневска.
„Тоа ќе го прави и наставникот по географија и наставникот по граѓанско образование.
За да добиете претстава за какво катастрофално решение станува збор, ќе ви цитирам делови од документот.
Во документот пишува:
Училиштето треба да направи распоред на ангажманот на овие наставници, горе споменатите, што ќе обезбедува да изведуваат минимум 15 наставни часа неделно, без оглед на одделението во кое ја реализираат наставата.
Значи, наставник со 15 часа неделно од предметот + изборни предмети, ќе има иста плата како наставник по математика или македонски со 20 часа, кој притоа има обврска да спроведува и дополнителна и додатна настава, сè за исти пари. Па нели е ова дискриминација?
Се навраќам на 10 часа граѓанско образование за кои децата треба да се запознаат со наставните теми и да бидат оценети.
Оценувањето е посебен проблем. Нели е еден предмет Историја и општество? Како сега ќе имаат оценки децата по сите три модули? Ја прашувам Владата како ова ќе го решат во е-дневникот или сега наново ќе првите нов е-дневник и повторно ќе плаќате од наши пари поради вашата кусогледост? Како во главните книги? Ќе печатите ли нови?
Во овој документ пишува: Планирањето на часот не го водат наставните содржини, туку стандардите за оценување – планирањето се прави за да се овозможи да се постигнат стандардите за оценување, а не за да се совладаат содржините. Молам некој да објасни како. Да не се совладаат содржините. Интересно.
Понатаму пишува: При планирањето се користат електронските верзии на наставните програми и унифицирани урнеци за планирање објавени на веб страницата на Бирото – наставниците само прават реорганизација во согласност со потребите на учениците и условите во училиштето.
Унифицирани урнеци за планирање вчера на страната на БРО немаше, ама и да имаше, па нели наставниците требаше да бидат креативни, неунифицирани?
Малку подолу пишува: Наместо дневно планирање, наставниците (индивидуално или тимски) го планираат секој час одделно подготвувајќи сценарија и соодветни наставни материјали. Значи, наставниците стануваат сценаристи и подготвуваат материјали. Добро.
Понатаму, во програмата за одредени предмети се предвидени, топчиња, пластифицирани картички, картони, за технолошки средства не зборувам. Кој ќе ги набави, министре? Наставниците?
Тука ќе запрам со објаснување на документот. Само ќе додадам дека според Законот за основното образование, член 49, училиштето изготвува развојна програма за период од 4 години со конкретно наведени активности. Врз основа на оваа развојна програма училиштето ја изготвува годишната програма. Со годишната програма се планира наставата. Алинеја (7) Училишниот одбор ја доставува годишната програма најдоцна до 15 август.
Вчера, кога решението беше доставено до училиштата, беше 23 август што, значи годишната програма е предадена. Сегам министре, како и што понатаму?
Училиштата ќе го кршат законот со неспроведување на програмата?
Го повикувам министерот за образование и наука веднаш неодложно, уште денесм да ги поништи трите документи: новата програма за унапредување на образованието, насоките за планирање, организација и реализација на настават од прво до шесто одделение во 2023/2024 година и решението за насоките.
Министре Шаќири, Ве повикувам веднаш да ја суспендирате концепцијата на Мила Царовска ако не сакате цел живот на совест да го носите комплетното руинирање на образовниот процес во Македонија и булингот што Владата го врши над наставниците и учениците донесувајќи вакви со културен збор необјасниви документи“, изјави Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл
„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени технички предизвици, граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право на глас. Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност“, кажа на прес-конференција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Овие избори покажаа дека институциите функционираат и дека демократските процеси се зацврстуваат. Во време на сериозни регионални и глобални предизвици, ова е вредност што мора да се чува и надградува, без разлика на политичките разлики. Во општина Маврово-Ростуше, ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива и многу важна победа. Онер Јакупоски е новиот градоначалник! Победа повеќе од двојна со над 1000 гласови разлика. Честитки за Онер, за сите симпатизери и за сите граѓани на Маврово-Ростуше. Оваа победа не е само локален резултат. Таа е јасна политичка порака. Порака дека граѓаните препознаваат работа, присуство на терен и одговорност. Порака дека не се наградуваат празни зборови, туку резултати“, истакна Мицкоски.
Оваа победа, вели тој, е „резултат на концептот што доследно го градиме: скромност, многу работа и реални решенија за секојдневните проблеми на граѓаните“.
„Во другите општини, изборната трка се водеше меѓу кандидати на други политички партии. Но целокупната политичка слика е повеќе од јасна. Со денешниот ден се заокружува резултатот од локалните избори во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ победи во вкупно 56 општини во државата. СДСМ во 6. Тоа не е случајност. Тоа е јасен политички суд на граѓаните. Ова претставува уште еден тежок дебакл за СДСМ и за актуелното раководство на таа политичка партија. По историскиот пораз на локалните избори во 2025 година, денешните избори се само потврда дека изиграната доверба има последици. Партијата која на национално ниво освои околу 140 илјади гласови не може сериозно да зборува во име на мнозинството, ниту да се претставува како силна и кредибилна опозиција“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Мицкоски, „проблемот на СДСМ не е само во изборните бројки“.
„Проблемот е многу подлабок. Тоа е пораз на политика што со години произведуваше криминал, конфликти, национални предавства и деструкција. Политика што ја држеше државата во место и ја трошеше енергијата на граѓаните. Затоа мора јасно да се каже: не станува збор само за блокади. СДСМ мора конечно да се соочи со сопственото коруптивно минато и со криминалците во своите редови. Без тоа расчистување, без јасна дистанца од корупцијата и криминалот, нема ниту кредибилитет, ниту доверба, ниту иднина оваа политичка партија. Македонија нема потреба од политика на навреди и ниски удари. Граѓаните се презаситени од политиканти кои бараат заштита во политиката за сопствените гревови. Оваа држава има потреба од борба на идеи, визии и програми. Од одговорна политичка конкуренција, а не од тоа кој погрубо и поневоспитано ќе навреди. Од другата страна е концептот што победува. Концептот на ред, стабилност и одговорност. Концептот на проекти, мерки и резултати. Концептот на држава што стои исправено и работи за своите граѓани, а не за тесните клановски интереси. Кланот на Венко Филипче доживува нов дебакл и тоа е резултатот кога се води политика на соопштенија напишани во други држави, а не борба на концепти и интересите за своите граѓани“, вели Мицкоски.
Македонија
МВР: Повторените локални избори завршија без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржаа во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одржаа во мирна, фер и демократска атмосфера, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Не беа регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир“, стои во известувањето од МВР.

