Регион
Загина српскиот помошник министер за труд
Српскиот помошник министер за труд и неговиот возач загинаа во сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 1.30 часот кај Пожаревац.
„Станува збор за Милош Ковачевиќ (1992), вршител на должноста помошник министер за труд, вработување, ветерани и социјални работи, од Одделението за заштита на борците и инвалидите, кој бил сопатник во автомобилот, како и возачот на автомобилот Д.Б.(1957). Истрагата ја спроведе обвинителот на Основното јавно обвинителство во Пожаревац“, се наведува во соопштението на српското МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес го погоди северниот дел на Јадранот
Кај Јадранското Море вечерва се случи земјотрес. Бил со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот бил почувствуван во северниот дел на Јадранот, недалеку од италијанскиот брег.
Регион
Земјотрес во Албанија
Утрото, земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Тирана.
Епицентарот на земјотресот бил на 19 километри од Тирана на длабочина од 10 километри.
Сè уште нема информации за повредени и за висината на материјалната штета.
Регион
До смрт претепана 23-годишна девојка во Србија
23-годишниот Д. И. е уапсен во Александровац, Србија, под сомнение дека претепал девојка, која починала како последица во болница.
„Припадници на МВР Александровац од околината на тоа место го приведоа Д. И. (23) поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство со смртен исход“, соопштено е.
Тој е осомничен дека ѝ нанел повеќе удари на главата и телото на својата 23-годишна партнерка, од кои таа починала во болница, пишува „Телеграф“.
По наредба на вишиот јавен обвинител во Крушевац, на осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа по што со кривична пријава ќе биде изведен во Обвинителството.