Свет
Наезда на стаорци околу Колосеумот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/KOLOSEUM.jpg)
Градските власти во Рим соопштија дека преземаат мерки за сузбивање на наездата на стаорци околу Колосеумот, откако туристите на социјалните мрежи објавија фотографии од глодари во близина на објектот.
Директорката на градскиот оддел за собирање ѓубре, Сабрина Алфонси, за италијанските медиуми изјави дека синоќа и денеска рано изутрината била започната „специјална интервенција“ за да се осигурало дека луѓето можат безбедно да поминуваат низ едно од најпосетуваните туристички места во Италија.
Операцијата ќе продолжи и наредната недела со чистење на зелените површини околу Колосеумот и одводите каде се вообичаени стаорците, како и поставување стапици, се вели во соопштението на градските власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Трамп наполни 78 години, Бајден вели: Годините се само бројка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/bvcb.jpg)
Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните избори, Доналд Трамп денеска полни 78 години, а неговиот демократски ривал, актуелниот претседател Џо Бајден, во објава на социјалните мрежи му порача дека годините се „само бројка“.
„Среќен 78-ми роденден, Доналд. Слушнете го ова од еден до друг старец: Годините се само бројка“, рече Бајден на социјалната мрежа Х, заедно со кратко видео кое ги спротивстави неговите постапки и политики со оние на Трамп.
Тој додаде дека овие избори сепак се „избор“.
Свет
Лидерите на Г7 ветија дека ќе продолжат да обезбедуваат воена и финансиска помош за Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/gfdgfdg.jpg)
Лидерите на земјите од Г7 ветија дека ќе продолжат со воена, финансиска и хуманитарна помош за Украина, се наведува во завршната изјава од самитот на седумте најразвиени земји во Италија, што беше објавена денеска.
„Ја потврдуваме нашата континуирана поддршка за Украина, онолку долго колку што е потребно“, пишува на веб-страницата на италијанското претседателство на Г7.
Г7 го поздрави одржувањето на мировната конференција за Украина во Швајцарија од 15 до 16 јуни и вети дека ќе работи на обезбедување максимална меѓународна поддршка за таканаречената „мировна формула“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Свет
(Видео) Погодена зграда во Русија: влезот целосно се урна, извлекуваа луѓе од урнатините
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/gr-2.jpg)
Влезот во станбена зграда во рускиот град Шебекин се урна при напад на украинските вооружени сили, објави на Телеграм гувернерот на регионот Белгород, Вјачеслав Гладков. Според првичните информации најмалку пет лица се повредени.
Три лица се пренесени во болница, а две одбиле хоспитализација и на лице место им била укажана лекарска помош. Вработени во руското Министерство за вонредни ситуации пристигнале на местото на настанот и спроведуваат акција за пребарување и спасување.
Тие со помош на камион со скала евакуирале најмалку четири лица од петтиот кат, додека уште две лица се извлечени од под урнатините. Центрите за привремено сместување се подготвени да ги примат луѓето чии станови се уништени, пишува руската државна новинска агенција РИА Новости.
Shebekino, Belgorod region 🤔 pic.twitter.com/BBM3iGCyDm
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) June 14, 2024
Руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова објави дека во Шебекин отишле и членови на нејзиниот кабинет, заедно со омбудсманот на регионот Белгород.
„Уште едно злосторство на Вооружените сили на Украина против руските цивили се случи во Шебекин, регионот Белгород. Како резултат на ракетен напад од Украина, станбена зграда беше уништена и луѓе беа убиени. Група вработени од мојата канцеларија отидоа на местото за пружање помош на настраданите“, истакна таа.
Иако Москалкова споменува загинати, официјалните информации на руските власти не велат дека некој загинал.