Регион
БГНЕС: Србија е вклучена во пропагандата против уставните измени во Македонија

„Српската државна телевизија РТС отворено се вклучи во пропагандата против уставните измени во Македонија кои се задолжителен услов за почеток на преговори во Скопје за членство во ЕУ“, пишува бугарски БГНЕС.
Во опширниот извештај, кој беше насловен „Дали Македонците ќе станат малцинство во татковината“, според БГНЕС, сугерира дека „Бугарите го оспоруваат идентитетот на Македонците”.
„Пред 5 години РСМ го смени името како услов да продолжи со евроинтеграцијата, но сега Бугарија постави бариера и сака Бугарите да бидат регистрирани како малцинство во преамбулата на уставот, а претставуваат само 0,19 отсто од населението“, се вели во извештајот.
Во информациите на РТС, покрај „опасноста од Бугарите, не е испуштена и другиот дежурен непријател – Албанците кои го загрозуваат интегритетот на државата“, пишува БГНЕС.
„Аргументите против „опасните измени на Уставот“ на РТС целосно се поклопуваат со пропагандата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој ги плаши сонародниците дека „бугарскиот диктат“ секој ден по донесувањето на т.н „француски предлог“ кој го отвора патот на земјата за преговори за членство во ЕУ, коментира БГНЕС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.