Регион
Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Босна и Херцеговина

Четири лица загинаа во страшна несреќа што се случи синоќа околу 20:30 часот на магистралниот пат Прњавор-Дервента во Штрбци, пишува „Тузлански“.
Во сообраќајната незгода учествувало „пежо“, кое го управувало лице чиј идентитет подоцна ќе се утврдува, а другиот учесник во несреќата бил Б.Ѓ. (26) од Прњавор, кој управувал „пасат“.
„Во сообраќајната несреќа загинаа четири лица кои се наоѓале во возило „Пежо“. Истрагата на лице место ја спроведе дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство Бања Лука, Синиша Врањеш, заедно со полициски службеници од полициската станица Прњавор“, соопштение е од Окружното јавно обвинителство Бања Лука.
Обвинителот нареди да се преземат сите потребни истражни дејствија и мерки, како и вештачења за утврдување на сите околности на сообраќајната незгода, пренесуваат босанските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.