Македонија
(Видео) Митева: Фирмите донатори на ДУИ се нивниот рудник за пари
„Фирмите донатори на ДУИ се нивниот рудник за пари. Практично, секој министер во ДУИ си има своја фирма. И секој министер преку таа фирма си склучува тендери во четири очи. Најверојатно, внуците на функционерите на ДУИ сите се со силен претприемачки дух“, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Овој пат таков е случајот со Бујар Османи, кој како министер за надворешни работи, на фирмата ‘Еуровија; ДООЕЛ ќе и исплати 1,8 милион евра, пари на граѓаните, за преадаптирање на Спортскиот центар ‘Борис Трајковски’. Додека Османи вели дека токму оваа фирма понудила наисплатлива понуда на тендерот, оваа фирма се поврзува со ДУИ во неколку наврати, и тоа: сопственик на ‘Еуровија’ ДООЕЛ е фирмата ‘Еуровија холдинг’, во која, освен Елмедин, како сопственик се води и Елдин Адеми, прв човек на разгранокот на ДУИ во Јегуновце“, рече Митева.
„Истата оваа фирма ‘Еуровија’, која е на Елмедин Адеми, внук на поранешниот министер на ДУИ, Абдулаќим Адеми, добила други тендери во вредност од два милиона евра, еден за изградба на новата полициска станица во Аеродром, вториот за реконструкција и пренамена на објекти за Универзитетот ‘Мајка Тереза’.
Понатаму, доста интересен е фактот што токму оваа фирма се јавува како најголем донатор на ДУИ. Имено, од страна на Елмедин Адеми како донација добила 2.500.000 денари, што е трипати над законскиот лимит за донација од физичко лице, а воедно ‘Еуровија’ како правно лице на ДУИ ѝ има донирано 1.800.000 денари во 2022 година.
Овие сознанија отвараат сомнеж за сериозна злоупотреба на службената положба. Во интерес на јавноста Бујар Османи е должен да ја презентира пред јавноста целокупната тендерска документација, да одговори по кои критериуми е направен тендерот и избрана е токму оваа фирма и кои се обврските и услугите што треба да ги преземе фирмата за тендер во вредност од 1,8 милиона евра.
Но, епилогот и за ова како и за сите други афери поврзани со ДУИ во овој момент ќе виде ист – без никаква разрешница, ниту поведена постапка од ЈО, затоа што токму власта на СДС и на самите ДУИ е таа што ова го овозможува, а потоа не го санкционира, туку го штити.
Османи и ДУИ треба да бидат свесни дека ваквите сомнителни тендери ќе бидат први за ревизија и одговорност ќе има“, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)
Македонија
Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот
На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

