Македонија
„Владата на ДУИ и СДС нема пари за учебници, за лекови, а има за фирмите на своите роднини“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Владата на СДС и ДУИ нема пари за учебници за учениците, нема пари за наставниците, за лекарите, за лекови за граѓаните. Владата на СДС и ДУИ има пари за своите семејства, за внуците. Или фирмите донатори на ДУИ се нивниот рудник за пари. Секој од ДУИ си има своја фирма и си склучува тендери во четири очи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Внуците на функционерите на ДУИ очигледно сите се со силен претприемачки дух!
Сега Бујар Османи, кој како министер за надворешни работи, на фирмата Еуровиа ДООЕЛ ќе и исплати 1,8 милиони евра, пари на граѓаните, за преадаптирање на Спортскиот центар Борис Трајковски. Османи вели дека токму оваа фирма понудила најисплатлива понуда на тендерот, а оваа фирма се поврзува со ДУИ во многу случаи, а сопственикот и фирмата се нејзини незаконски донатори.
Оттука има основен сомнеж за сериозна злоупотреба на службената положба.
Секое соммение за криминал ќе се истражи, одговорност ќе има!
Мора да се стави крај на криминалот на ДУИ и СДС. Тоа можат да го сторат само граѓаните на избори“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

