Забава
Принцот Хари се жали од кралското семејство во новиот документарец

Се чини дека принцот Хари повторно го критикува кралското семејство во новата документарна серија на „Нетфликс, каде што вели дека немал никаква поддршка по враќањето од Авганистан.
Принцот тврди дека немал поддршка по враќањето од службата во Авганистан и дека неговата траума никогаш не била дискутирана, што е уште еден очигледен удар врз кралското семејство додека новата серија Heart Of Invictus денес почна да се емитува на „Нетфликс“, пишуваат британски медиуми.
Војводата од Сасекс е во првите редови на документарецот од пет дела, а неговата сопруга Меган Маркл се појавува само накусо во неколку сцени, каде што го поддржува.
Хари исто така вели дека не бил свесен за траумата што ја имал од смртта на мајка си, принцезата Дијана, во Париз во август 1997 година кога тој имал само 12 години.
Понатаму, Хари открива дека кога се вратил од војната во 2008 година, негова најголема битка било тоа што никој околу него не можел да му помогне. „Јас ја немав таа структура за поддршка, таа мрежа или тој стручен совет за да идентификувам што всушност се случува со мене“.
„За жал, како и повеќето од нас, првиот пат кога размислувате за терапија е кога лежите на подот во положба на фетус, веројатно посакувајќи да сте се позанимавале со некои од овие работи претходно. И тоа е она што навистина сакам да го променам“, вели тој во документарецот.
Во првата епизода од најновиот проект на Сасекси, кој почна да се емитува денес наутро, Хари се опиша себеси како татко на две деца, сопственик на кучиња и сопруг.
На почетокот новинарот го прашува војводата од Сасекс: „Како се викаш?“, а тој одговори: „Се викам Хари“. Потоа го пршува: „Со што се занимаваш, Хари?“
Хари рече: „Што правам секој ден? Јас сум татко на две деца помали од три години, имам неколку кучиња, јас сум сопруг, основач на фондацијата ‘Инвиктус гејмс’. Има многу шапки за носење, но верувам дека денес сè е во знакот на ‘Инвиктус’.
Хари е извршен продуцент на серијата, дел од договорот меѓу Сасекси и „Нетфликс“, вреден 80 милиони фунти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Ја реновирале куќата и откриле нацистички бункер со морничава порака

Кога Шон Талиер (35) и неговата сопруга Каролина (32) почнале да ја реновираат куќата во октомври 2021 година, не можеле да замислат какво изненадување ги чека.
Под нивниот дом на островот Гернзи, близу брегот на Нормандија, се криел огромен нацистички бункер од Втората светска војна!
Парот го открил масивниот комплекс со две големи простории, пренесува „Дејли стар“.
Талиер знаел дека островот бил под германска окупација во периодот 1940-1945 година, кога нацистите ги претвориле Каналските острови во воени тврдини. Сепак, не очекувал да најде бункер токму под својот дневен престој.
„Знаев за бункерите по островот, но никогаш не би помислил дека еден се наоѓа под мојата дневна соба“, изјавил тој за локалните медиуми.
Претходната сопственичка, гледајќи фотографии од куќата на Фејсбук, го прашала парот дали ги пронашле просториите под темелите, откривајќи дека како деца се играле таму пред нивниот татко да ги затрупа со земја.
Парот ангажирал багер и отстранил десетици тони земја, по што откриле бетонски влез во бункерот.
Кога слегле внатре, останале без здив. Внатре имало две простории со димензии 5×3 и 5×6 метри, поврзани со коридор долг девет метри. Бункерот се наоѓал на осум метри длабочина.
Внатре пронашле стари шишиња, излез во случај на опасност, но и застрашувачки пораки испишани од нацистите за време на Втората светска војна. Особено внимание им привлекла пораката: „Внимание, непријателот слуша“ (Achtung, Feind hört mit).
„Ова не се само неколку простории, ова е историја. Студено, влажно и застрашувачко сведоштво за она што луѓето го поминувале тогаш“, рекол Шон.
Парот планира да го претвори бункерот во просторија за забави — со билјард сала и мини-теретана, при што ќе вградат 80 тони бетон за да ги обезбедат ѕидовите и скалите. Пораките на германски јазик планираат да ги зачуваат и реставрираат со калиграфија.
„Каролина сака да ја завршиме куќата, но јас ветив забавa за Ноќта на вештерките во бункерот“, се пошегувал Шон. „Морам да го исполнам тоа ветување“.
Забава
Британската монархија во нов проблем: пронајден документ што го зголемува притисокот врз кралот Чарлс

Британскиот крал Џорџ IV лично профитирал од работата на робови на плантажите во Гренада, покажува најновото истражување, што дополнително ја зголемува јавната критика кон монархијата да се соочи со својата улога во времето на ропството.
Дезири Баптист, независен истражувач, пронашла документ од 1823/24 година во Националниот архив во Лондон, кој сведочи за уплата од 1.000 фунти (што денес изнесува речиси 103.000 фунти или приближно 120.000 евра) од две кралски плантажи во Гренада на кои работеле стотици поробени луѓе.
Парите биле наменети за приватната каса на кралот Џорџ IV и, според Баптист, придонеле за неговиот раскошен начин на живеење“.
Баптист истакнува дека досега никој британски монарх јавно не признал дека Круната поседувала и профитирала од поробени луѓе.
Нејзиното истражување е дел од поширока студија наречена „Робови, сопственост на Неговото Величество: Џорџ IV и Гренада“.
Професорот Едмон Смит од Универзитетот во Манчестер, кој ја води студијата за улогата на кралската фамилија во ропството, изјави дека оваа уплата може да биде само врвот на ледениот брег.
Тој заедно со Ник Дрејпер од Универзитетскиот колеџ во Лондон ги потврдил наодите на Баптист.
Смит додаде дека доказите укажуваат на поширок образец на колонијална експлоатација во потрага по приходи од карипските колонии.
Бакингемската палата не дала коментар на извештајот.
Крал Чарлс претходно изразил жалење поради ропството во говор пред лидерите на Комонвелтот во 2022 година и ја поддржал академската студија за историската улога на монархијата, но засега не ја признал директната вмешаност на Круната во робовласништвото, пренесе „Ројтерс“.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек со нови проблеми по разводот

Џенифер Лопез и Бен Афлек го завршија својот брак минатиот август по две години, но споровите околу имотот сè уште траат.
Поранешната двојка го повлече својот дом во Лос Анџелес вреден 68 милиони долари од продажба откако го финализира разводот.
Џенифер Лопез и Бен Афлек го направија овој потег по неуспехот да ја продадат куќата во Беверли Хилс што ја огласија уште во јуни 2024 година, објавува „Пејџ сикс“.
„Додека се надеваа дека ќе можат да го продадат имотот, во исто време не сакаа да претрпат голема финансиска загуба. Ја намалија цената за да привлечат поголем интерес, а кога тоа не се случи, им беше советувано да го повлечат од пазарот“, рече изворот.
„Тоа беше деловна одлука што ја донесоа заедно“, додаде тој.
Извор од недвижнини изјави за медиумите дека „пазарот во моментов е лош за продавачите, особено за недвижности во тој ценовен опсег“.
„Повлекувањето на понудата сè додека пазарот не стане поповолен за продавачите изгледа како најпаметен потег“, рече истиот извор.
Претставниците на двојката не беа достапни за коментар.
Поп-ѕвездата и актерот ја намалија цената на вилата со 12 спални соби и 24 бањи на 59 милиони долари, пред официјално да ја повлечат од продажба.