Македонија
Османи – Џаишанкар: Со Индија ќе ја јакнеме соработката во ИТ-индуструјата, обновливите енерии, туризмот, медицината
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на официјалната посета на Индија, денес оствари средба со својот индиски хомолог, Субраманјам Џаишанкар.
Во фокус на разговорите беше развојот на пријателските односи меѓу Северна Македонија и Индија, со акцент на можностите за унапредување на трговската размена, зајакнувањето на економската соработка и бизнис-врските.
„Северна Македонија придава големо значење на развојот на односите со Индија, со која, иако географски оддалечени, тесно нѐ поврзува ликот и делото на Мајка Тереза. Пред нас се отвораат широки потенцијали за јакнење на соработката во многу области, пред сѐ, во делот на ИТ-индустријата, агробизнисот, обновливите енергии, медицината и туризмот“, нагласи Османи.
Воедно, Османи истакна дека покрај развојот на соработката на билатерално ниво, потребно е заеднички да се работи и на поврзување на регионите, при што ја лансира идејата за одржување форум Западен Балкан – Индија.
„Задоволство ми е да ја претставам идејата за одржување форум Индија – Западен Балкан, кој има цел регионално поврзување и разгледување на можностите за раст и развој во значајни области од интерес. На овој начин се отвара можност за продлабочување на економските односи, но и целокупната соработка меѓу нашите региони“, истакна Османи.
На средбата стана збор и за соработката на мултилатерално ниво, при што беше поздравена значајната улога на двете земји на меѓународната сцена, особено во делот на адресирањето на актуелните глобални состојби преку претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и на Индија со Г20.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи
Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир.
„Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност.
Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на Општината и ќе биде отворена од вторник до петок, за сите граѓани и претставници на уметничката заедница кои сакаат да го изразат своето сочувство“, велат од општина Чаир.

