Македонија
(Видео) Убиец избегал од „Идризово“, фатен е заедно со друг затвореник на автопатот Пријателство
Утрово, полицијата и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го приведоа С. А. (34) од Арачиново, кој избегал од затворот „Идризово“, а е осуден на затворска казна од 12 години поради убиство.
На автопатот Пријателство, по претходно добиени оперативни сознанија, сопрено е возило „форд“, управувано од Б. Р. (47) од Арачиново, кој е исто така осудено лице што издржува казна затвор во КПУ „Идризово“, но бил ангажиран да работи надвор од затворот. Во возилото како сопатник бил С. А., кој е приведен и ќе биде предаден на КПУ „Идризово“.
Известени се јавен обвинител и Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал за утврдување други лица инволвирани во бегството на С. А. од затворот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟤𝟥 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 15.12. до 21.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, известува ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.
Македонија
Општина Аеродром со нова алатка за директна оцена на нејзината работа од граѓаните
Општина Аеродром воведува нов, транспарентен и целосно анонимен начин преку кој граѓаните ќе можат да дадат оцена и мислење за квалитетот на работењето на Општината, како и за работата на секој вработен поединечно.
„Целта на оваа иницијатива е директно вклучување на граѓаните во процесот на унапредување на локалната самоуправа, преку идентификување на позитивните практики, како и на областите во кои постои простор за подобрување. На тој начин, Општина Аеродром се стреми кон поефикасно, поодговорно и поотворено институционално работење.
Анкетата е кратка, трае помалку од една минута, целосно е анонимна и при нејзиното пополнување не се прибираат лични податоци. Граѓаните можат да учествуваат со скенирање на QR-кодот поставен на официјалните информативни банери, по што се отвора кратка анкета што се пополнува со неколку клика“, велат од општина Аеродром.
„Секоја оцена, мислење и искуство од граѓаните ќе послужи како значајна основа за унапредување на услугите и за подобрување на вкупниот квалитет на работењето на општина Аеродром.
Општина Аеродром изразува благодарност до граѓаните за укажаната доверба и за активното учество во процесите што придонесуваат кон развој на поодговорна и сервисно ориентирана локална самоуправа“, се додава во соопштението на општина Аеродром.
Македонија
Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето
Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 22.12.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица“, се наведува во соопштението.
Од Министерството велат дека мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат.

