Свет
Папата Франциско пристигна во Монголија, земја со само 1.450 католици
Папата Франциско денеска пристигна во Монголија, во својата прва посета на огромната, доминантно-будистичка, азиска земја со само 1.450 католици, за која Ватикан се надева дека може да дејствува како посредник во подобрувањето на тешките односи со Кина. Авионот на папата слета во Улан Батор малку пред 10 часот по локално време, а папата беше пречекан од формација на монголската почесна гарда во традиционална сина, црвена и жолта облека.
Неговата посета на оваа претежно будистичка земја е гест на поддршка за малата католичка заедница, која брои околу 1.400 верници од повеќе од три милиони жители.
Ова е второ патување на папата во регионот за една година, по она во септември 2022 година на Казахстан, што исто така се сметаше за стратешка посета во геополитички контекст.
По еден ден одмор, распоредот на папата во Монголија ќе вклучува церемонија за добредојде, средби со претседателот и премиерот, како и неговото прво обраќање до властите, дипломатите и членовите на граѓанското општество.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран размислува за нов главен град поради колапс на водата и пренатрупаноста
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека преселувањето на главниот град од Техеран е неизбежно поради пренатрупаноста и недостигот од водни ресурси. На состанок во Казвин тој предупреди дека Техеран повеќе не може да издржи нова градба или пораст на населението, а преносот на вода од Персискиот залив би бил премногу скап.
Владата го идентификувала регионот Макран, во југоисточен Иран, како можната нова локација за главен град, но без прецизен рок.
Водната криза се влошува: нивото на водата е намалено за 43 проценти во однос на лани, а браната Амир Кабир има само 8 отсто од својот капацитет. Во Техеран веќе започнало намалување на притисокот на водата, а властите предупредуваат дека славините може целосно да пресушат.
Владата ги обвинува климатските промени и санкциите, но иранските водни експерти истакнуваат дека проблемот е резултат на децении погрешни политики, прекумерна изградба на брани без еколошки проценки, исцрпување на водоносниците и пропаѓање на инфраструктурата, кое довело до губење на 25 проценти од градската вода.
Свет
Киев и САД на консултации за можен мировен договор, Европјаните не се споменуваат во изменетата објава
Киев ќе одржи консултации со САД во Швајцарија за можните параметри на идниот мировен договор за завршување на руската агресија врз Украина, соопшти украински висок безбедносен функционер.
Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров, на „Телеграм“ напиша дека започнуваат консултации меѓу високите претставници на Украина и САД, истакнувајќи ја „подготвеноста на американската страна за суштински разговори“.
Умеров ја измени објавата и го избриша делот во кој претходно стоеше дека разговорите ќе се одржат „со учество на европски партнери“.
Според соопштението од кабинетот на претседателот, Володимир Зеленски го одобрил составот на украинската делегација што ќе ги води разговорите, како и упатствата за преговорите. Во изјавата се наведува дека „Украина никогаш нема да биде пречка за мир“ и дека претставниците на државата ќе ги бранат „легитимните интереси на украинскиот народ и темелите на европската безбедност“.
Регион
„Фашизмот во Европа се буди“ – Вучиќ ужаснат по настапот на Томпсон и поздравот „За дом спремни“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска го отвори Меѓународниот саем на вино, храна, ракија и туризам „Винска визија Отворен Балкан“, каде што посети неколку штандови, дегустираше вина и одговараше на новинарски прашања.
На прашање дали ги поканил претставниците на Хрватска да учествуваат на саемот, Вучиќ изјави дека формално не припаѓаат на иницијативата Отворен Балкан, но дека би сакал да ги види како учесници.
„Не припаѓаат на Отворениот Балкан, но немам ништо против, би се израдувал и верувам дека ќе ги поканам,“ рече претседателот.
Коментирајќи го инцидентот во Осиек, каде што за време на концерт на Томпсон се слушнал поздравот „За дом спремни“, Вучиќ изрази загриженост.
„Ужаснат сум од буењето на фашизмот во современа Европа, но што да правите? Се надевам дека Европската унија ќе ги осуди антисрпските и антисемитските фашистички повици во срцето на Европа. Што се однесува до Србите, кај нас фашизмот никогаш немал поддршка и никогаш нема да има, тоа со гордост можам да го кажам,“ истакна Вучиќ, пренесе „Телеграф“.
Вучиќ повтори дека хрватските винари се добредојдени на „Винска визија“ и изрази надеж дека регионалната соработка во рамки на Отворен Балкан ќе придонесе за поголемо поврзување и промоција на гастрономијата и винската култура во регионот.

