Забава
Почна како најубава Италијанка во Тунис и стана една од најголемите диви: Клаудија Кардинале
Можете да победите на натпревари со помпезни титули, како што се мис Европа, мис Америка, мис на светот, мис Универзум… а тоа да не значи премногу и дека во тој момент, најверојатно, само еден во 100.000 жители на Земјината топка го знае вашето име.
Од друга страна, скромната титула најубава Италијанка во Тунис на прв поглед може да изгледа како небитен натпревар за убавина, а всушност лентата што Клаудија Кардинале ја носеше на тој настан беше поттик за сè што направи во европскиот филм и нејзиното сè вреди повеќе од ефектот на многу европски и светски мис собрани заедно.
Споменатиот натпревар се одржа во 1957 година, а Клаудија, која по потекло е сицилијанска Италијанка, тогаш во родниот Тунис го зеде медалот за апенинска убавица, а како награда освои седумдневно патување во Венеција на познат филмски фестивал.
Пред тоа имаше ситни појавувања пред камерата, но продуцентите ја забележаа во Венеција и направија сè да ја задржат младата дама таму како уште една во низата италијански диви.
Во секој случај, европскиот филм доби ново лице, тело, а и глас, иако глас неколку години подоцна бидејќи ѝ требаше време да ги научи сите оние моќни јазици на кои глумеше.
Таа почна да се издигнува на мапата со филмови, како што беа Big deal on Madonna Street, Il bell’Antonio и класикот на Висконти, „Роко и неговите браќа“.
И, веројатно, клучната година беше 1963 година кога повторно излегоа Il gattopardo на Висконти и 8½ на Фелини. Таа ги сними и двата во исто време трчајќи од еден сет на друг, а двајцата режисери како луѓе со разни пристапи имаа сосема поинакви барања од неа и таа мораше да се адаптира неколкупати секојдневно.
Во неколку наврати истакна дека никогаш не сакала да се соблече пред камера и да го гради своето име на тој начин, што е за пофалба, а ниту, пак, ѝ наштети бидејќи и вака и онака таа стана планетарен секс-симбол.

Круната на нејзината биографијата е „Беше еднаш на Дивиот Запад“ (1968). Ова не е ни прв ни последен пат да глуми проститутка, ни прв ни последен пат Серџо Леоне да има женски лик во свој филм, но таа проститутка и тој лик не може да се спореди со ништо пред или потоа.
Овој филм датира пред 50 и нешто години и оттогаш Клаудија продолжи да биде разновидна со својата понуда на актерски услуги. Таа продолжи да се занимава со глума и на овој и на друг континент.

Стигна и да прави паузи, да се посвети на театарот, на разни видови активизам, сними над 120 улоги пред камера, остана синоним за филмска убавина и, што е најважно, не се повлече. Вечната ѕвезда на италијанскиот филм е сè уште активна актерка.
Фасцинантна убавина на младата Клаудија од 50-тите и 60-тите
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

