Македонија
(Видео) Андева: Обновени 55 училишта, подобри услови и поголеми плати
„Дозволете ми во мое лично име и во име на Комисијата за образование на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, да посакам среќен почеток на сите наставници и ученици во основните и средните училишта со желби за мирна, успешна и плодна нова учебна година“, рече Марина Андева, претседателка на Комисијата за образование на СДСМ.
„Први септември секогаш симболизира нов почеток, нови предизвици и нови перспективи за сите чинители во образовниот процес.
Сите ние се наоѓаме пред многу предизвици оваа учебна година! Ако пред некоја година се соочувавме со пандемија и се изборивме учениците да не останат без образование кое е гарантирано со закон, оваа учебна година сме мета на разните дезинформации и шпекулации, изјави и пораки кои јасно го отсликуваат елементарното непознавање на образовниот процес со кои се шири страв кај сите наставници, а и родители. Овие критики се со единствена цел да се создаде хаотична и безизлезна состојба и сето тоа на сметка на нашата иднина – нашите ученици.
Затоа, вие, просветните работници, одговорно, како што е и одговорна вашата благородна професија која се стекнува со труд, љубов кон знаењето, љубов кон младите и децата, овозможете им на нашите деца мирна и плодна средина за учење. Да создадеме здрави и општествено изградени личности, затоа што тие се нашата иднина, иднината на нашата држава. Влогот во учениците е влог за светла иднина на сите. Важно е, децата да одат во училиште за да стекнат соодветно образование во чекор со европските вредности, и да создадеме квалитетни кадри квалификувани за пазарот на трудот. Еднакво важно е да ги научат и основните животни, морални и етички вредности неопходни за секојдневното функционирање. На учениците им треба образование кое ќе им помогне целосно да го искористат својот потенцијал и да ги зголемат можностите да станат среќни, здрави, успешни и корисни – чинители на општествениот развој и промени кои ќе се случуваат чекорејќи кон европската иднина“, изјави Марина Андева, претседателка на Комисија за образование на СДСМ.
„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во своето делување се залага за вложување во децата и младите, бидејќи тоа е вложување во иднината. Во време полно со предизвици од сите страни, образованието треба да биде алатка која ќе ги надмине.
Оваа учебна година учениците и наставниците во 55 училишта ќе ја започнат новата учебна година со значително подобрени услови за настава. Се инвестираат над 4,5 милиони евра обезбедени од буџетот на Министерството за образование и наука, за изградба на 145 спортски сали и рехабилитација на училишни објекти. Поставени се енергетски ефикасни фасади и еколошки системи за греење во училиштата со што училиштата веќе нема да стравуваат од студени зими.
Учениците и оваа учебна година од одделенска настава ќе продолжат да работа со тандем наставници по физичко и здравствено образование со што е овозможено правилен раст и развој од најмала возраст. Се овозможува ученичко организирање во рамки на училиштата со цел да се слушне мислењето и потребата на учениците. Се обезбедува редовна исплата и поголем број и повисоки ученички стипендии. Децата со попреченост се вклучени во редовната настава повеќе години со образовни асистенти во училиштата. Со укинување на екстерното тестирање, ги ослободивме учениците и наставниците од стресни ситуации.
На наставниците со закон им е овозможено кариерно напредување во звања и зголемување на коефициентот за плати, а со тоа е обезбедено квалитетно менторирање на новите наставници-приправници. Наставниците во основните и средните училишта веќе применуваат модерни и современи нагледни/наставни средства и информатичка технологија со кои успешно можат да го пренесат знаењето на новите генерации. Се намали педагошката администрација и со тоа овозможивме повеќе време на наставниците за креирање на успешни наставни часови. Се зголеми платата на наставниците за 55 % во периодот од формирање на Владата на СДСМ. Наставниците кои се опфатени со новата Концепција ќе имаат месечни примања во висина на цела плата, а покрај задолжителните наставни часови ќе имаат можност својата креативност, компетенции и вештини да ги пренесат на учениците преку воннаставни и слободни часови.
Во средното стручно образование со новите програми и Учење преку работа кај работодавач овозможивме стекнување на работни односно практични компетенции на учениците. Владата предводена од СДСМ формира три регионални центри за стручно образование и обука каде учениците односно граѓаните покрај формалното образование, ќе можат да се доквалификуваат и преквалификуваат.
Владата предводена од СДСМ и коалицијата и понатаму ќе се грижи за квалитетно образование кое ќе ги следи актуелните состојби, и ќе биде во тренд со општествените промени, кои ја наметнуваат примената на дигитализацијата во секојдневниот живот. Ќе нуди соодветни решенија за обезбедување на образование што ќе изгради личности кои ќе ги почитуваат и негуваат граѓанските права, толеранцијата и различностите, ќе се воспитуваат и образуваат во духот на мултикултурализмот и ќе се оспособат за позитивен одговор на побарувачката на пазарот на труд. Ќе се работи во иднина на предизвиците и ќе се наоѓаат решенија за надминување на тековните проблеми во образовниот процес, за што истакнуваме дека е потребна соработка со сите засегнати страни“, додаде Марина Андева, претседателка на Комисијата за образование на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЛДП: Техничката влада нема да ги нахрани граѓаните, време е за вистински реформи
Либерално-демократската партија (ЛДП) смета дека лидерска средба има смисла само доколку на неа се разговара за суштински реформи, а не за, како што велат, пазарски и ПР решенија. ЛДП е подготвена да учествува на лидерска средба, но не и доколку таа се сведе исклучиво на прашањето за укинување или задржување на техничката влада како изолирана и празна тема, без одговори на клучните прашања што директно го засегаат животот на граѓаните.
„Несериозно е политиката да се сведе на тоа: „ние сме за укинување“ или „ние сме против укинување“ на техничката влада. И што потоа? Ако се укине или ако не се укине ?! Дали ќе јадеме поевтино? Дали ќе дишеме почист воздух? Дали ќе добиеме повеќе неповратни средства од Европската Унија? Дали конечно ќе ја решиме корупцијата? Ако одговорот е не – тогаш темата сама по себе е празна. Зошто доцнат некои министерства со реализација на реформската агенда? До каде е пакетот системски реформи што треба да ја придвижи државата напред? На граѓаните им е преку глава од парцијални изјави и ад-хок решенија. Таквиот пристап покажува дека граѓаните не се точка на интерес, туку само алатка за медиумска доминација“, велат од ЛДП.
Додаваат и дека на Македонија не ѝ се потребни 120, туку 90 пратеници. На Македонија не ѝ се потребни 25, туку 15 функционални министерства. На Македонија не ѝ се потребни купишта членови на управни и надзорни одбори, ниту армија заменици директори. На Македонија ѝ се потребни повеќе пари во џебот на граѓаните.
Според партијата, на Македонија не ѝ е потребна техничка влада, туку ефикасен, рационален и деполитизиран систем – една изборна единица, отворени листи и можност граѓаните сами да одлучат кој ќе ги претставува.
Македонија
Фондот за здравство и ПМФ склучија договор за молекуларно-дијагностички анализи
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) склучи договор со Природно-математичкиот факултет (ПМФ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за вршење молекуларно-дијагностички анализи.
Договорот го потпишаа генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, и деканот на Природно-математичкиот факултет, Даворин Трпески.
Лабораторијата за молекуларна биологија и геномика при ПМФ е една од најмодерните лаборатории во земјата. Таа располага со напредна опрема за молекуларно-дијагностички анализи, вклучително и секвенционирање од новата генерација (NGS).
Првата цел во овој момент е проширување на мрежата и зголемување на капацитетот за онколошки анализи, односно за прецизно и брзо утврдување на генски мутации кои се клучни за избор на целна онколошка терапија. Најсовремената опрема и стручниот кадар со долгогодишно искуство ќе придонесат за поефикасно одговарање на зголемената потреба од онколошки анализи во здравствениот систем и ќе претставуваат значајна поддршка на постоечките капацитети.
Втората цел, како образовна и научна установа од областа на молекуларната биологија и генетиката, ПМФ со овој договор ќе им овозможи на студентите и вработените поголеми можности за практична примена на стекнатите знаења.
Со овој договор се проширува националната мрежа за молекуларно-дијагностички услуги, што претставува значаен чекор напред за здравствениот систем во земјата.
Во моментов, Фондот има договори за NGS-анализи со следните установи:
· Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) – претежно за ретки и наследни болести,
· Медицински факултет – Институт за патологија – претежно за онкологија,
· Медицински факултет – Институт за имунологија – претежно за имунодефициенции и трансплантации,
· Медицински факултет – Институт за судска медицина – претежно за форензика,
· Фармацевтски факултет – претежно за хематологија и онкологија,
· Институт за јавно здравје – претежно за вирусологија.
NGS-анализи извршуваат и приватни лаборатории, како и Ветеринарниот факултет.
Бројот на услуги во 2025 година (проекција) е зголемен за околу 22 % во однос на 2023 година, додека буџетот е зголемен за над 40 %, што овозможува поцелосни и посложени генетски истражувања.
Се унапредува дијагностиката за рак, со цел поголема успешност во лекувањето.
Овој договор претставува почеток на поширока соработка. Со ПМФ се разговара за воведување нови услуги, вклучително и генетска дијагностика пред имплантација (PGD) кај бременост со биомедицински потпомогнато оплодување (БПО). Станува збор за анализа на неколку клетки од ембрионот уште пред негово внесување во матката, со цел избор на ембриони без патолошки мутации. Со тоа значително се намалува ризикот од појава на одредени вродени заболувања и се зголемува шансата за успешна бременост.
Фото: Pixabay
Македонија
Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10
Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер (над 60км/ч.). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег.
Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20, а во останатите места од 5 до 10 сантиметри. Локални врнежи од снег ќе има и во недела, кога ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник. Од почетокот на следната седмица наместа утринските температури ќе се спуштат и под -10 степени, а дневните ќе се задржат под нулата.
Во Скопје, утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат само од снег. Локални врнежи од снег ќе има и во недела, кога ќе дува засилен северен ветер.

