Црна хроника
Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, тројца повредени

Вчера, околу 20.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Антон Попов и улицата Мишко Михајловски во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „дачија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот В. М. од Скопје, и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 21-годишниот Б. З. од Скопје, извести МВР.
„По несреќата, возачот на мотоциклот Б. З. бил пренесен во комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди, а сопатничките од возилото ‘дачија’ – А. М. (50) и А. Ѓ. (29), двете од Скопје, биле пренесени во Градската општа болница ‘8 Септември’, каде што на А. М. ѝ биле констатирани телесни повреди, а на А. Ѓ. ѝ биле констатирани тешки телесни повреди“, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Норвежанец приведен на аеродромот во Скопје, се однесувал агресивно

44-годишен државјанин на Норвешка бил приведен ноќеска на Меѓународниот аеродром Скопје, откако за време на летот од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при обид полициските службеници да разговараат со него, мажот продолжил да се однесува агресивно и кон нив, попречувајќи го извршувањето на службените дејствија.
Лицето било приведено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
46-годишна жена физички нападната од својот партнер

Четириесет и шестгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од својот партнер во домот каде што престојува, на подрачјето на општина Кисела Вода.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 јуни околу 22:00 часот, а пријавата била поднесена во СВР Скопје на 7 јуни, околу 02:30 часот. Осомничениот С.А. (50) оштетил и дел од покуќнината.
Од МВР информираат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава против сторителот.