Македонија
Мостот „Беласица“ од денес делумно отворен за сообраќај
Согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на бул. „Беласица“, утврдено е дека мостот нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат неговата безбедност, соопштија од Град Скопје.
– Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, кое ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија, велат од градската администрација.
Оттаму додаваат дека од денес, мостот на булеварот „Беласица“ ќе биде отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот на завршување на градежните работи од страна на ЕСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студентите на протест поради јавниот превоз, бараат и набавка на нови автобуси и велосипедска инфраструктура
Универзитетското студентско сообрание (УСС-УКИМ) за утре, 22 ноември, најавува протест поради проблемите со јавниот превоз што ќе се случува од 14 часот пред Стара Пошта и ќе продолжи во 14.30 часот пред Град Скопје.
Организаторите ги повикаа сите да излезат на протестот и да го искажат незадоволството.
По спроведената анкета на која одговориле 3.568 студенти, 85 отсто од нив рекле дека во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 66,7 проценти од нив, чекаат автобус над 20 минути.
Дополнително, 93,6 отсто од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 66,7 проценти изјавиле дека од истите воопшто не се задоволни од истиот.
Дополнително, организаторите на протестот апелираат на воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници.
Конкретно, барањата се следните: Продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit; Воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје; Отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница), Набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии; Надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт.
Македонија
Стојановски: Нафта утре ќе има, а јавната набавка за една недела ќе биде реализирана
Добро е што има кој да мисли на граѓаните, а тоа е Владата, која на денешната седница донесе и одлука не за некаква награда, туку апсолутно тоа е позајмување на гориво до Градот Скопје и ЈСП, изјави советникот во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски.
Советничката група на Левица остро ја критикуваше градската власт. Нивната критика наиде на контрареакција од советникот Мартин Стојановски.
„Па сакам, ете, јавно да ја прашам советничката Катерина, зошто сеуште три директори од партијата Левица имаат во јавните установи на Градот Скопје и зошто, ако не се сложуваат со политиките на актуелната политичка градска власт, одамна не ги напуштија местата и не беа дел од градските институции? Сомнително е зошто толку се сменија 40 тина директори, а не се сменија токму тие 3 директори, не се пипнати од политичката партија Левица,“ рече Стојановски.
„Да не го политизираат ова, колешката Катерина од советничката група на Левица, мислам дека политички го одржа својот говор денеска на оваа седница“, истакна Стојановски.
И покрај владината интервенција, останува прашањето за долгорочната стабилност на јавниот превоз.
„Нафта утре ќе има, а јавната набавка за една недела ќе биде реализирана од страна на Градот Скопје и повторно автобусите би требало да возат, секако доколку тоа успеат службите од Градот Скопје да го менаџираат“, рече Стојановски.
Додаде дека за граѓаните, оваа состојба не е само технички проблем, туку и доказ за политичките игри што го доведоа ЈСП до колапс.
Македонија
Шутаров: За да може да функционира ЈСП бараме да се прецизира износот на 2,5 милијарди литри нафта
Советниците на СДСМ со предлог решенија сакаат да помогнат за да се надминат проблемите во градот Скопје. Затоа излеговме со три конкретни мерки кои бараме преку Заклучоци да ги усвои Советот, рече советникот на СДСМ, Гордан Шутаров на вонредната седница на Советот на Град Скопје.
-Предлог на СДСМ за финансиска инекција од државата, со Закон, е соодветно решение и досега се практикувало. Пример е 2018 година кога владата ги финансираше општините за да ги покријат долговите и за да може општините да функционираат. Со негова измена и дополнувања по скратена постапка, рече Шутаров.
Коректна е одлуката на Владата да доделу субвенции, тоа беше предлог и на СДСМ, но тука се јавуваат отворени прашања и нема наведно колкав износ.
-Затоа СДСМ бара заклучок, да го наведеме износот, од 2,5 милиони литри којшто би биле доволни за ЈСП да јз извршува функцијата до крајот на годината, кога веќе треба да стапи на сила и буџетот за следната година. Затоа бараме и за оваа ставка поддршка, рече советникот на СДСМ, Гордан Шутаров.
-Граѓаните со право реагираат со коментари од типот „леле што му се случува на Скопје“. Од тоа што го гледаат во Скопје како хаос и катаклизма, од тоа што го дозволивте како мнозинство во советот. Најреалниот одговор е дека Скопје не постои моментално само заради политика и инает. Скопје е блокиран Град, заглавен, нечист, без јавен превоз. Тоа е Скопје во 21 век, во којшто ништо не функционира освен политиката, рече Шутаров.