Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е опериран од срам, за скандалот со Онкологија се прави дека не е оттука, а се случувал во негов мандат и поврзан со кадри кои тој ги именувал

Ковачевски е опериран од срам. Секогаш кога се случува трагедија иили се појавува скандал тој излегува во јавноста со изјава од „јас не сум од тука“, „вознемирен и изненаден сум“, како да се работи за аналитичар, а не премиер на државата, реагираат до ВМРО-ДПМНЕ.
– Неговата коалиција е 7 години на власт, а самиот тој две години е премиер. Во овој период се случија трагедии во кои настрадаа 75 граѓани, период во кој физиолошки раствор се давал наместо терапија и нема никаква одговорност. Сето ова е сведоштво на пациенти и граѓани кои поминале низ хорор и ги загубиле своите најблиски. Наместо да релативизира и да расфрла пердуви, треба да прифати одговорност, затоа што тоа кое што се случувало во клиниката за Онкологија во голем дел се случувало во негово време, во време кога негови министри раководеле со секторот , и во време кога биле именувани во институцијата директори кои се резултат на неговиот коалициски пазар, велат оттаму.
Европа и европски вредности се апстрактни именки за Ковачевски. Оваа власт да беше Европа, како што не се, денес ќе беа депонирани оставки, вклучително и неговата, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Реновирани спортските капацитети на полициското одморалиште во Пониква

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, денеска во одморалиштето на МВР во Пониква ги пуштија во употреба реновираните спортски капацитети наменети за вежбовни активности на полициските службеници.
„Со министерството за спорт неодамна потпишавме Меморандум за соработка со кој ќе ги надградиме, реновираме и унапредиме поголемиот дел од спортските капацитети на министерството за внатрешни работи. Вложувањето во капацитетите на кои се обучуваат полициските службеници е влог во стабилноста и безбедноста на државата.
Во рок од месец дена беше поставена основа за фудбалско игралиште и фитнес зона со монтирање на сите реквизити. Игралиштата за фудбал, кошарка и одбојка се опремија со полипропиленски подови, обележени и со нови реквизити. Истите добија и трибини од по 2 реда за следење на натпреварите. Покажуваме дека преку добро планирање и соработка помеѓу институциите, јасна визија и одлучност, може да се изградат услови кои ги задоволуваат современите полициски потреби“, истакна министерот Тошковски.
Во меѓувреме преку оваа соработка на двете министерства се работи на реновирање на спортските капацитети на Центарот за обука на МВР во Идризово каде се создаваат и унапредуваат сите полициски човечки капацитети.
Македонија
Со шесте милијарди евра за Македонија ќе се градат брза пруга, болници, студентски дом – Николоски од Лондон со детали за договорот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој ја предводи официјалната делегација на Македонија во Обединетото Кралство, оствари средба со претставници на Инструментот за поддршка на надворешното финансирање на Обединетото Кралство – УКЕФ, на која што беше разговарано за деталите околу средствата што и се ставаат на располагање на Македонија за реализација на инфраструктурни проекти.
„Се работи за 5 милијарди фунти кои што се ставаат на располагање на Македонија, нешто што беше потврдено од страна на УКЕФ и можам со задоволство да кажам дека овие 5 милијарди фунти односно 6 милијарди евра после овој состанок дефинитивно се ставени на располагање на Македонија. Истите можат да се користат за проектно финансирање, тоа значи дека се врзани за проекти што значи дека ќе носат додадена вредност на Македонија. Тоа се проекти во делот на транспортот, здравството, образованието, во делот на енергетиката и животната средина“, рече Николоски.
Додаде дека се разговарало за три сета на проекти, едниот е брзата пруга на коридор 10 од Табановце до Гевгелија, вториот е изградба и реконструкција на болници во Кичево, Тетово и Штип и третиот е изградба на медициски факултет заедно со студенски дом во Штип.
Тој рече и дека после потпишувањето на договроот Влада со Влада утре и ратификацијата на истиот во Собранието, ќе започнат со официјални разговори во однос на начините на финансирање и реализација на овие проекти.
Со Николоски во Лондон е и потпретседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, утре ќе им се придружи и министерката за образование Весна Јаневска, а со него е и директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, членови на кабинетот.
Николоски ќе се сретне и со министерот за внатрешни работи на Велика Британија, министерот за одбрана, а утре со минстерот за економија и извоз заедно ќе го потпишат Договорот Влада со Влада.
Договорот ќе оди на ратификација во Собранието, а во Велика Британија го усвојува Владата.
Македонија
Движење ЗНАМ: Неосновани се обинувањата за имотот на Максим Димитриевски

Неосновани се обвинувањата изнесени на прес конференцијата од поранешната претседателка на Советот на Општина Куманово Мургашанска, реагираат од Движењето ЗНАМ.
„Истите клевети на овие теми ги изнесуваа за време на локалните избори во 2021 година кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски, кој изгуби катастрофално на локалните избори, како и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Лидија Трајковска. Со правосилна судска пресуда беа осудени, се извинија и платија штета. Истото ќе се случи и во овој случај со Мургашанска. Неосновани се обвинувањата, бидејќи станува збор за земјиште купено со купопродажен договор од физичко лице во 2010 година, во време кога Димитриевски не беше градоначалник и е уредно пријавено во неговиот анкетен лист, како и целиот негов имот“, се вели во реакцијата.
Истото земјиште, додаваат до таму, кое се наоѓа во делот на градот за којшто опфат е сменет урбанистичкиот план и намената на земјиштето, а согласно проценките на општината и пазарната цена, вредноста на истото е покачена, на кој што износ од страна на сопствениците уредно се плаќа данок на промет по реална пазарна вредност.
„Тоа земјиште било предмет на размена за имот – стан купен со купопродажен договор и платен со банкарска трансакција и платени сите давачки. Употребна дозвола за изграден објект не издава општината, а најмалку градоначалникот, туку тоа е во надлежност на техничкиот надзор на објектот со конечниот извештај за градба којшто се спроведува во катастар. Поранешна претседателка на Советот, Мургашанска треба ова да го знае, не во континуитет да продолжува да ја манипулира јавноста“, пишува во реакцијата.