Македонија
Клисаровска: Одговорно тврдам дека од ноември 2022 година секој пациент ја добива терапијата без манипулации
Одговорно им тврдам на пациентите, откако сум јас, значи зборувам за периодот од ноември 2022 година, секој пациент, ја добива препишаната терапија, согласно индикацијата, дозата, типот на лекот, според тоа што неговиот соодветен ординирачки лекар тоа ќе го постави, без никаква манипулација со лековите. Ова го истакна д-р Виолета Клисаровска, медицински директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.
Обраќајќи се кон пациентите, Клисарова вели дека колегиумот на клиниката за онкологија во најголем дел работи професионално.
„Одговорно ви тврдам и ве уверувам во истиот период од ноември 2022 година, кога сум на оваа позиција дека стручниот колегиум, на клиниката во најголем дел работи високо професионално, правиме се за нашите пациенти. Заживеани се утринските состаноци, тоа е од првата недела, да не речам првиот ден на мојата позиција. Формиран е онколошки конзилиум во кој што учествуваат најголем дел од стручниот колегиум, од колегите како најискусни одговорни раководители на соодветните оддели. Од секоја од тие седници постојат и уредно заведени записници кои што како документ може да ви станат и достапни, доколку е потребно. На тој онколошки конзилиум се реферира буквално пред сите нас, секој пациент кој треба да започне терапија со било кој лек од таканаречениот условен буџет, тука припаѓаат лековите кои што не се ставени на позитивна листа“, вели Клисаровска.
Додава и дека се ажурирани клиничките протоколи, стручниот тим работи по ажурирани, обновени, работни верзии и упатства, за дијагноза, третман и секако следење на нашите пациенти, со верифицирана малигдна болест.
Воведени се повеќе безбедносни мерки за следење на лекот од влез во Клинката до аплицирање кај пацинет. Една од безбедносните мерки е ограничен број на сестри, точно по распоред секој ден се знае која сестра доаѓа во допир со нерастворен лек, тој влез е строго ограничен и не е отворен за сите сестри од дневната болница, додава таа.
„Сето ова што го кажувам го тврдам одговорно и замолувам пациентите да ни дадат можност да ја вратиме довербата“, порача Клисаровска.
Нагласи дека клиниката е целосно достапна на надлежните и истражните органи со цел, брзо откривање на виновниците. Замоли час поскоро надлежните органи, да донесат одлука, ако има виновници, да ги именуваат. Остро го осуди секое несовесно и нестручно работење, со молба и апел, кон сите надлежни и медиумите да не се генерализира проблемот врз целиот медицински тим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Николоски: Интензиво работиме на реконструкцијата на превојот Пресека во должина од 11 километри
Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да ја подигнеме безбедноста во сообраќајот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Вицепремиерот Николоски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, пратеникот Ѓорѓи Сајкоски и градоначалниците од Кичево и Дебрца извршија увид на градежните работи на превојот Пресека.

Тој потенцира дека се работи за проект за рехабилитација на 15 километри патен правец, што е од огромно значење за подобрување на безбедноста во патувањето и ќе го олесни поврзувањето на главниот град со Охрид и Струга.

„Се работи на 11 километри кои целосно се рехабилитираат. Можам да кажам дека во однос на рехабилитацијата на патниот превој Пресека, кој што претставува главна артерија, не само за спојување на Кичево со Охрид и Струга, туку генерално и за спојување на Скопје со Струга и Охрид, се работи со одлична динамика и до февруари месец би требало целиот патен правец да е завршен, што многу ќе помогне додека не се пушти целиот автопат Охрид-Кичево, побезбедно и побрзо да се патува, имајќи предвид дека патниот превој Пресека беше во една навистина катастрофална состојба“, изјави вицепремиерот Николоски.

Македонија
Намалена видливост на неколку патни правци
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)

